Таг: скулптури

Пронајдете ги 100-те дрвени тролови: дански уметник повикува на авантура

Томас Дамбо е познат по користење рециклирано дрво за своите големи и амбициозни скулптури, поставени во повеќе земји низ светот. До сега ги има 99. За јубилејната, стота, има замислено голем лов по богатство.

Славно дело на Мештровиќ во Чикаго може да биде отстрането поради наводен расизам

По бран реакции во однос на голем број споменици на територија на Чикаго, градот формирал комитет за нивна ревизија. На списокот од 40 дела, кои наводно промовираат расизам и геноцид, се најде и споменик на Мештровиќ.

Мистериозните скулптури чиј можен автор е поранешната кралица на Холандија

Од 1989 најмалку осум улични скулптури изникнале на улиците на холандскиот главен град. Наводно никој не знае кој е авторот, а некои од теориите за неговиот, во случајов нејзиниот идентитет, ја вклучуваат дури и некогашната холандска кралица Беатрикс.

Исечени дрвја со човечки лик

Андреа Гандини од Рим им вдахнува нов живот на обезглавените стебла во градот, со тоа што од нив резба - глави.

Скулптури од мозочни бранови во 3Д

Џулија Бунтен Хоел ја претставува електричната активност на мозокот на изложбата „Бранови“, која во моментов е поставена во еден од музеите од групацијата Смитсонијан (оддел за уметност и индустрија) во Вашингтон.

Контроверзните скулптури на фетуси на Дејмиен Хрст повторно поставени

Пред гинеколошки центар во Катар осамнаа 14 огромни скулптури на матки со фетуси во различни фази на развој. Истите оние кои пред неколку години беа покриени заради реакции од јавноста.

Оснежени книги

Додека градскиот пејсаж изгледа како секој ден да се будите во Панксатони, и само е прашање на минутажа кога пред вас ќе излезе Фил, Фил Конорс, разбијте го ова чувство на ден кој се повторува со нешто креативно. Како прво, имате ли дома книги кои не се за потпала, ама се за кристализација?

Слатко-горчлива изложба во рафинерија за шеќер

Свинга која личи на египетска но е целата направена од шеќер. И скулптури на црни момчиња од карамела со големи кошници во рацете. Звучи слатко, нели?

Стаклена микробиологија

Лук Џерам е интересен британски уметник, за чии дела е тешко да се каже дека делуваат „здраво“. Затоа што тие се големи стаклени скулптури на бактерии и вируси. Вака кога ги гледаш, баш се симпатични. 

Сизиф како скулптор

Мајкл Граб е балансер на карпи. Не, не балансира тој. Туку прави скулптури од карпи кои изгледаат како да се бетонирани, заварени или барем залепени едни на други. А не се.

Лижачка уметност

Вит Дешнер стои среде ливада во Орегон, неколку метри од црна крава која лиже големо парче сол. И ја надгледува дури таа создава - уметничко дело!

Скулптури на Ник Кејв

Имаме обичај од време на време. од ништо предизвикани, да проверуваме што има ново кај нашите омилени автори, куцајќи го нивното име во Гугл, па кликајќи на „новости". Оваа за Ник Кејв малку нè збуни.

Сапунче, сапунче, бели пени правиш

Предлог за скулптури кои ја симболизираат минливоста и на уметноста, и на историјата. И кои, за разлика од други материјали, вршат цивилизациски корисен акт - на миење раце.