Мозочните бранови обично се поврзани со болнички машини што бипкаат, но од денес, 7.12, тие ќе можат да се видат „во живо“ на изложба на Џулија Бунтен Хоел во Вашингтон. Нејзините дела претставуваат спој на уметност и наука: рачно направени скулптури од црна жица под име алфа, бета, гама и тета бранови. Тие се уметничка интерпретација на различните електрични импулси во мозокот во три димензии.
Интересот на оваа уметница за темата потекнува од тоа што во текот на нејзиното студирање таа одбрала предмет Вовед во невронаука, каде учела за мозочните регии и невротрансмитерите. Од тогаш мозокот е главен лик во нејзините дела. Во случајов со претворањето на електричните импулси во скулптури од жица таа сакала да му даде физичко присуство на нешто што е вообичаено дигитално и заклучено зад лабораториските врати.
Фрекфенциите кои ги претставуваат брановите се различни - од оние за длабок сон (делта) до брзите цик-цак бета бранови кои означуваат нормална свесност на јаве. За само две скулптури од парот Гама бранови (горе), таа морала да пресвитка 1000 жици. Бидејќи кога почнала да работи на нив поминале пет години, сега некои од жиците се излижале и под нив се наѕира `рѓа, што само им додава уште една, неочекувана димензија.