„Патот до славата" (The Walk) е нов, игран филм за подвигот на Филип Петит, кој во 1974 се прошета на жица оптегната помеѓу покривите на двете кули-близначки во Њујорк. Сега кога нив ги нема, овој настан не се толкува само како луда акробација, туку има и поголемо симболичко значење.