Уметност на балансирањето

Сизиф како скулптор

Мајкл Граб е балансер на карпи. Не, не балансира тој. Туку прави скулптури од карпи кои изгледаат како да се бетонирани, заварени или барем залепени едни на други. А не се.

За да ја увери публиката дека во ова нема никакви трикови тој често ги прави скулптурите пред публика, а на крајот, кога делото е готово, го уништува со само еден нежен удар со раката во средина на структурата.

Која е неговата тајна? Па тајна всушност и нема освен тоа што тој, како што самиот вели, е хиперсвесен за можните неправилности на површината на карпите, кои би можеле да бидат проблем. „Најосновниот елемент за балансирање во физичка смисла е да се најде некаков 'трипод' за карпата да стои на него. Секоја карпа е покриена со разновидни, од мали до големи површини кои можат да послужат како подлоги", изјавил тој. Кога ќе го постигне балансот, тој вели дека и внатрешно ја пронаоѓа неговата„нулта точка" дека „самиот станува рамнотежа" и ја наоѓа својата тишина.

Блазе си му - би додале.

 

 

 

 

9 јануари 2013 - 13:14