Махери и малери на годината:

Среќна Нова 91-ва

Што во новата година за себе и оние околу себе посакаа Петре Прличко, Оливер Мандиќ, Драган Џајиќ и други познати лица на тоа време. Од сите тие нивни убави желби и надежи за престојната 1991-ва година, историјата ќе забележи главно дека тоа беше година во која се распадна нивната држава и започна крвавата Трета Балканска Војна.

Кутри ние луѓе, абер немаме што ни се крчка пред нос.
Освен оние мудрите како Прличко.
Прашање: Како ви се чинат изборните желби на Џајиќ?

Оља Ивањицки, сликарка

Сметам дека 1991 има во себе голема симетрија на бројките и во таа смисла е најсиметрична година во овој век.

Според тоа, таа на целата планета ќе и донесе рамнотежа а тоа е најдобро за целиот свет па и за нас.

Исто така мислам дека оваа година ќе биде убава и плодна за сите оние чија година на раѓање завршува на бројот 1 и оние кои во 1991 ќе наполнат 'полна' година.

Сека Сабљиќ, актерка

Сите очекувамe промени во општеството, да се менува општествената судбина.

Со неа, длабоко сдум убедена, ќе се менува и судбината на нас поединците.

Се надевам, на подобро.

Историјата е придвижена па мислам дека промените ќе стигнат и во овој наш ќорсокак.

Се надевам на подобро.

Гордан Михиќ, сценарист и писател

Од следната година очекувам - среќна Нова година. Под среќа подразбирам подобрување на секојдневните услови за живот.

Ама тоа подобрување не го очекувам само од властите туку и од луѓето кои живеат со нас и околу нас.

За себе мораме да ги направиме основните работи: да ги почитуваме другите околу себе, да не им го правиме она секојдневно зло, значи да бидеме подготвени да го почитуваме она нешто што би го нарекол минимум домашно воспитување.

Тоа го очекувам и за почетокот и за крајот на новата година.

Душко Трифуновиќ, писател

Ситуацијата некако ми избега бидејќи се случуваат толку крупни работи и промени што веќе не можам да ги следам.

Сè што очекувам е мојот сопствен, креативен труд.

Пет нови ракописи издавачите ставија во своите планови за печатење. Ќе ми биде драго ако таа симетрична 1991 година се најде на моите книги.

 

Оливер Мандиќ, музичар

Во Новата 1991 година очекувам многу поубав живот отколку што го имав во претходната.

Би сакал до крајот на годината да ми излезе новата плоча и да заработам многу, многу пари.

И ќе посакам Дедо Мраз да ми донесе успех и здравје.

 Дали сум нескромен?

Љупка Димитровска, пејачка

Би посакала поедноставен и подобар живот и новата 1991 да ни биде како едно убаво патување од 365 дена.

 


 

Драган Џајиќ, фудбалер

На прво место ја ставам среќата на моето семејство, здравјето и хармонијата. 

Убеден сум дека Ѕвезда ќе го освои првенството на Југославија и ќе се пласира во финале на Купот на шампиони.

Исто така верувам дека после изборите, сè ќе биде поинаку и подобро, дека ќе живееме помирно и посложно. Се надевам дека имаме доволно паметни и трезвени луѓе и дека тие ќе сторат сè да престанат напнатостите кои во последно време нè потресуваа и дека енергијата ќе ја трошиме за доброто на сите нас.

Петре Прличко, актер

Во годината која доаѓа очекувам помалку шокови, бидејќи ги имавме многу. Очекувам да престанеме да зборуваме како некој друг ни е крив за тоа што ни се случува, освен нас самите. Очекувам овие кои ги избравме по демократски пат да не ги обвинуваат другите за кризата, освен себе, бидејќи направија сè за да ги избереме.

Секогаш се плашам дека сите наши раководители се исти, само народите ни се поинакви.

Четири години ја играм претставата "Шок" и веќе имавме 1250 претстави. За 4 години се завршува основно училиште, се изведува револуција а ние за 4 години успеавме да заведеме еден народ.

Уште на премиерата на "Шок", реков во стилот на Крале Марко:

- Нека престане нејзината актуелност, само да победиме.

За жал, во овој случај не се надевам на најдоброто.

7 јануари 2016 - 09:58