Околу 42.000. Толку гледачи во просек ги следат натпреварите на Вердер Бремен. Сите имаат своја лична приказна и проблеми од секојдневниот живот. Сите имаат понекогаш радост, понекогаш така.
На стадионот сите се исти, освен една навивачка, а тоа е Марта, бабичката која еден век навива за Вердер.
„Како дете играв фудбал со моите соседи мажи и секогаш ги постигнував одлучувачките голови,“ вели најстарата навивачка на германскиот прволигаш, а веројатно и една од најстарите во светот.
„Ја знам целата историја на клубот. Кога во 1980-та испаднавме од лига, плачев, но потоа се случи пресвртница и дојдоа убавите времиња“.
Таа уживаше кога Вердер во периодот од 1988-ма до 2004-та стана три пати шампион на Германија, а ја памети и првата шампионска титула, онаа во сезоната 1964/1965. Од 1991-та до 2009-та 5 пати се радуваше во националниот Куп.
Со посебни емоции го доживеала и првиот и единствениот меѓународен трофеј, а тоа во Купот на Куповите на победниците во 1992-ра.
„Сè до тогаш кога можев одев редовно на стадион и 57 години поседував годишна влезница за натпреварите на Вердер. Сега се надевам дека ќе го победиме Хофенхајм и ќе се пласираме во Лига Европа“.
На 29 април Марта беше присутна на мечот против Херта кој го доби Вердер со 2:0, а нејзината долгогодишна лојалност ја цени и претседателот на Вердер кој лани за јубилејниот роденден и подари дрес од Пизаро кој е нејзин омилен играч.
„Секогаш го носам неговиот дрес и не може да биде поинаку бидејќи ниту еден друг играч не постигнал 144 голови за Вердер“.
Држ се Марта, ти посакуваме добро здравје и успеси на твојот Вердер.