Се работи за 20 годишниот Мелвин Лоренцен кој игра за тимот на Вердер за играчи до 23 години. Пред клубот да тргне на гостување во Турингер, тој во автобус извадил огромен сендвич и додека колегите му се смееле, тренерот го симнал од автобус и го пратил дома.
„За нас исхраната на нашите играчи е многу важна. Тоа не е работа за потценување и мора да се почитува“, рекол тренерот на клубот.
Лоренцен важи за еден од најголемите таленти во младинскиот тим на Вердер, а веќе доби и шанса за настап во Бундеслигата каде има одиграно на пет средби.
Неговиот престој во Вердер не е доводен во опасност и тој следниот ден се појавил на тренинг, но од клубот сметаат дека со оваа казна тој треба да ја научи лекцијата и да го почитува кодексот на однесување.
Проблеми со апетитот има и поранешниот фудбалер на Милан, Адел Тарабт на кој Бенфика сака да му го раскине договорот, а тазе примери има и во нашиот ракомет. Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ летово мораше да ослабе 20 кг за да добие шанса за настап.