Перуанецот е жива легенда на Вердер Бремен, клуб во кој се враќаше дури четири пати во кариерата. Тој често заминуваше но во јули 2018-та повторно се врати во Бремен.
1999-2001: првото доаѓање и деби во клубот
2009-2012: враќање од Челси на позајмица а потоа и со откупен договор
2015-2017: бесплатен премин во Баерн Минхен
2018: враќање како 39-годишен напаѓач од Келн кој испадна во втора лига
СТОРИЈА ЗА ЉУБОВТА МЕЃУ КЛАУДИО И ВЕРДЕР
Првпат корупулентниот центарфор дојде во Вердер во 1999-та и стана прв Перуанец во Бундеслигата. На 19 години го доби бројот 10 и веднаш го оправда: после неколку кола постигна гол против Кајзерслаутерн а неколку дена подоцна хет-трик против Волсфбург.
Во таа негова прва сезона Вердер заврши 9. место но стигна до финале на Куп на Германија (пораз 0:3 од Баерн) и четвртфинале на Куп на УЕФА (0:2 и 2:4 порази од Арсенал).
Клаудио постигна 15 гола на 39 меча. Тренерот Томас Шаф тогаш рекол дека неговото доаѓање во Вердер било најдобро нешто што може да се случи.
Следната сезона и покрај интересот од Ла Лига и Премиер, Пизаро ја почна во Вердер. Постигна гол уште во прво коло но после два месеци не ја погоди мрежата.
„Луѓето во Германија се ладни и негостопримливи како што е времето тука“, рекол Клаудио кој носталгијата ја лечел по бременските барови за што еднаш добил казна од клубот од 10.000 марки.
Во вториот дел од сезоната постигнал 8 гола на последните 8 меча и вкупно 19 во сезоната. Пизаро беше прогласен за најдобар напаѓач во втората полусезона.
Го бараа Борусија Дортмунд, Реал, Барселона, Интер и Баерн. Најдобра понуда беше онаа на Баварците - 8 милиони евра.
ВО БАЕРН ИГРАШЕ ОДЛИЧНО НО ПОСТОЈАНО ЗАПАЃАШЕ ВО ПРОБЛЕМИ
Пизаро за брзо време стана еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата (174 меча, 71 гол и 7 титули со Баерн Минхен), но престојот во Баварија имал и чудни моменто.
Во 2006-та година за шест месеци двапати бил фатен како вози пијан: Два пати во крвта му наоѓале повеќе од дозволените 0,05 промили алкохол. Клубот го казнувал но тренерот Феликс Магат му простувал.
Еднаш и се скара со луѓето од репрезентацијата на Перу. Пред 2 меча на Перуанците, неговиот менаџер се јавил и рекол дека Баерн дозволува Пизаро да игра само на еден. После го обвиниле дека не сака да игра за својата земја, а после пола година нов скандал: Клаудио и уште некои соиграчи биле фатени како пијат со проститутки. Секој бил исфлрен од репрезентацијата на 6 месеци и казнет по 10.000 марки.
Пизаро се бранел дека тој бил во базата на репрезентацијата за време на настанот, дека не ги нарушил правилата и дека сака да игра за својата земја. Подоцна ја дал на суд фудбалската федерација на Перу која што му ја скратила суспензијата на 3 месеци а казната судот ја поништил поради недостиг на докази.
Во репрезентацијата се врати дури во 2011-та кај нов селектор.
Пред стартот на сезоната 2006/2007 Клаудио Пизаро барал од Баерн да му ја зголеми платата до 4 милиони евра но потпретседатеот Карл-Хајнц Румениге одговорил: „Ако некој сака да заработува како Андреј Шевченко, треба да биде подобар од Андреј Шевченко“.
Перуанецот ја доигра таа сезона и отиде во Челси кој му понуди 4-годишен договор и 50.000 фунти неделно.
ВРАЌАЊЕ ВО СТАРОТО ГНЕЗДО - БРЕМЕН
Во 2008-ма година Пизаро по втор пат се врати во Вердер зошто во Челси не му одеше. Во Англија имаше доверба од Мурињо но откако Жозе доби отказ и дојде Аврам Грант, Пизаро го бетонираа на клупа. Добиваше шанса само кога Дидие Дрогба и Калу беа на Африканскиот куп но не ја искористи.
Постигна само 2 гола во цела сезона, го пратија во вториот тим на Челси каде навивачите барале од него да си оди.
Челси го позајми на 1 година во Вердер и таму Пизаро се препороди. Иако завршија 10-ти на табела и испаднаа од групна фаза во Лига на шампиони, Вердер го освои Купот на Германија. Перуанецот даде 17 гола па Вердер го откупи договорот од Челси за само 2 милиони евра.
Во следните 2 сезони постигна 32 погодоци и стана идол на навивачите. Го обожаваа зошто беше најдобар играч на екипата. А и највесел.
Во Перу чувал коњи (во еден момент имал дури 50 расни коњи) кои се натпреварувале на трки. Ги нарекол коњите необично: Алијанц-Арена, Карјл-Хајнц, Маренплац (главен плоштад во Минхен).
Уште една негова слабост била коцката. Тој често играл големи пари на коцка но никогаш не заработил повеќе од 800 долари. Во 2012 година имаше 33 години, го убедуваа да остане во Бремен но реши уште еднаш да отиде во Баерн да освојува титули.
ОСВОИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ НО СЕ ВРАТИ ДОМА ДА ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА
Во вториот престој остана 2 години во Минхен но беше во сенка на Марио Манџукиќ и Марио Гомез. Ја освои Лигата на шампионите и 3 титули во Бундеслига па на 35 години пред стартот на сезоната 2015/2016 стана слободен агент.
И не помисли да ја заврши кариерата па потпиша 2-годишен договор со клубот каде најмногу го почитуваа. На аеродромот во Бремен се собрале стотици навивачи да го поздрават.
„Во шок сум од топлиот прием. Не очекував да видам толкава толпа народ. Прво помислив дека со мене во авион летала некоја поп-ѕвезда. Пример Џастин Бибер или папа Франциско“, се насмеал Перуанецот.
Во првата сезона после новото враќање постигна 14 гола на 28 меча. Многу му помогнал адиетата разработена од италијанскиот нутриционист Џулиано Позеро кој работел и со Лео Меси. Пизаро ослабнал 4 килограми и задржал мускулна маса.
Во следната година почна да му опаѓа формата а изгуби место од одличните Серж Гнабри и Макс Крузе. Во 2017-та не му го продолжија договорот.
После тоа отиде во Келн на една година но не можеше без саканиот Верер каде синоќа на 6-ти јуни 2020-та година ја заврши кариерата.
„Ако во Бремен е Пизаро значи дека со екипата горе-долу сè е добро“, пишал весникот Frankfurter Rundschau.
Во октомври Клаудио ќе полни 42 години. Веќе добил понуда да работи во управата на Баерн, но прашање е дали ќе може без својот Вердер.
„Не се чуствувам стар, се чуствувам како Клаудио Пизар“, рекол легендарниот центарфор.
Сите достигнувања на Клаудио Пизаро:
Баерн Минхен
6-кратен шампион на Германија
5 Купа на Германија
Лига Куп (2004)
Суперкуп на Германија (2012)
Лига на шампиони (2012/2013)
Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство (2013)
Интерконтинентален Куп (2001)
Вердер Бремен
Куп на Германија (2009)
Финалист на Лига Европа (2009)
Алијанса Лима
Шампион на Перу
Перу
Копа Америка (бронза 2015)