Последната вечер како играч на својот Вердер Бремен, Клаудио Пизаро ја отседе на клупата за резерви. Неговиот тим успеа да одигра 2:2 со Хајденхајм и да опстане во најдоброто германско друштво. Пизаро на крај го носеа на раце.
Имаше еден Пизаро во Бундеслигата во времето на Штефан Ефемберг, Оливер Кан, Марио Баслер и Лотар Матеус. Се сменија генерации, дојдоа нови клинци, а истиот тој Пизаро сè уште е дел од лигата. Да, истиот е.
Клаудио Пизаро, легендарниот перуански фудбалер на Вердер Бремен сезонава го постигна 100-от гол во зелениот дрес. Еден од погодоците сезонава беше прогласен за најубав во Бундеслигата.
Откако минатата сезона збогум на фудбалот му кажаа играчи од калибарот на Пујол, Гигс, Анри, Занети и Раул, им се ближи крајот уште на неколку ѕвезди кои се ветерани. Повеќето од нив се наполнија со трофеи, а за пари не ги жалиме, ќе се снајдат.