Не е чудно ако човек кој погледнал викендов кој бил стрелец за Вердер да праша „Па добро овој уште не е отиден во пензија“? Истиот Пизаро е од времето?
Разбирливо е да гледаме голмани како бранат на 40 години (Буфон има 41), ама да играш во напад и да не се даваш на тие години треба стварно да си цар за да не издишеш.
Вердер Бремен израмни против Херта на 1:1, а погодокот во 96-та минута од слободен удар го постигна Клаудио Пизаро. Чилеанецот постави два нови рекорди во Бундеслигата:
Стана најстар фудбалер и најстар стрелец со 40 години и 136 дена. Људина. Претходно рекордот го држеше Мирко Вотава кој во 1996-та настапи со 40 години и 121 ден.
Пизаро е дел од германскиот шампионат две децении кој го паузираше само во сезоната 2007/2008 кога настапуваше за Челси. Има играно шест сезони за Баерн, една за Келн, но е пред сè легенда на Вердер Бремен каде се враќаше во четири наврати. Има 291 настап и 149 голови за овој тим.
Ова му е дебитантскиот во 1999-та на меч против Кајзерслаутен.
А овој вчерашниот против Херта 20 години подоцна.