Фудбалер на Вердер Бремен си даде два автогола за 5 минути
Иако фудбалерите на Вердер беа во добра серија на резултати, а Леверкузен гостуваше во Бремен по тешкиот пораз од Цирих во Лига Европа, „аспиринџиите“ им одржаа час по фудбал на домаќините и ги прегазија со 2:6. Два гола во сопствена мрежа си даде бекот Себастијан Лангкамп.