Таг: автоголови

Размена на автоголови на мечот Њукасл - Евертон во две минути

Њукасл го совлада Евертон со 3:1, а првиот дел заврши 1:1 со два брзи автоголови во кои двајца играчи си ги сменија несреќните улоги. Прво Холгејт биеше, а Ласелс си постигна автогол. Потоа Ласелс биеше со глава, па Холгејт си постигна автогол. И до двата наврати топката удри од нив.

Најголемата криминална местенка уништена со два намерни автогола

Го имаме врвот на наместените натпревари и тоа во прволигашки фудбал, каде сите од прв до последен треба да одат во затвор. Подобро ќе беше да му ја земеле лентата на камерманот за ова да не го види никој.

Како се вика најдобриот стрелец на ЕП 2020?

Автогол. Тоа е “фудбалерот“ кој треба да ја добие Златната копачка на овој турнир. Им бега 6 гола на Роналдо и Шик, а може да го стигне само Кејн, ама ако даде 7 гола во финале.

Да се потсетиме на најчудните голови во Премиер лига

Во 90 минути фудбал во Англија ќе видиш врхунски голови, ама и многу чудни погодоци. Низ годиниве имаше циркус со тресење мрежи.

Несреќник на денот со два автогола и тоа на деби

Воопшто немаше да ни биде важно што се случуваше на третолигашкиот германски натпревар Јена - Инголштад, ако го немаше овој грев на кој не му се живее од мака. Дебитантски настап за дефанзивецот Маријан Сар во прво коло и два автогола. Сакате да знаете како заврши мечот? Пресврт и победа им донесе на гостите за конечни 1:2 и тоа за 12 минути.

Рекордерот по број на автоголови во Холандија

Стоперот на Феенорд, Стен ван Бек важи за талентиран, снажен одбранбен фудбалер, ама има една маана - едно, две па си дава автогол. Веќе е рекордер.

Фудбалер на Вердер Бремен си даде два автогола за 5 минути

Иако фудбалерите на Вердер беа во добра серија на резултати, а Леверкузен гостуваше во Бремен по тешкиот пораз од Цирих во Лига Европа, „аспиринџиите“ им одржаа час по фудбал на домаќините и ги прегазија со 2:6. Два гола во сопствена мрежа си даде бекот Себастијан Лангкамп.

Чуден факт на денот

Што е сега работава, Барса има многу јака одбрана или другиве се пацери во одбрана? Рома и Спортинг си заковаа по два автоголови, а Олимпијакос еден.

Кога меч на Мадагаскар завршил 129 - 0 од протест

Денес полни 15 години најсмешниот меч во историјата на Мадагаскар каде една од екипите не и дала на другата да пипне топка ама на крај изгубила 149-0. Овој меч и официјално е влезен во Гинисовата книга на рекорди.

Најсмешни 10 автогола во холандскиот фудбал

Холандското првенство Ередивизија важи за многу ефикасно а често паѓаат и автоголови. И тоа какви автоголови.

Компилација на најхаотичните голови на сезоната

Дел сме ги објавувале во текот на сезоната, дел сме ги пропуштиле, дел сме ги гледале на тв. Ако сакате клип со најсмешни видео инсерти ова е тој со голем микс на автоголови, грешки на голмани, голови со рака, колено, рамо, голови од карамбол и сл. Општ хаос.

Топ 5 епски грешки во локален фудбал

Сите потези се за сеир, ама дека некој друг ќе успее да си даде автогол како тој на крајот од видеото, тоа не веруваме. Дечкото е за на вечна листа на автоголови.

Царот од Белгија кој си дал три автогола

Мечот Андерлехт - Жерминал Екерен од 1995. година ќе остане запаметен по Стан Ван ден Бујс, бекот на гостите кои постигнал хет-трик од автоголови во триумфот на Андерлехт од 3:2.

Има ли во билтен игра Штутгарт дава автогол?

Тимот на Штутгарт постави неверојатен рекорд, откако стана првиот тим кој после 53 години си дал шест автоголови во една сезона. Автоголот на Јорг Нидермаер (негов втор сезонава), беше последен во низата започната од Хлушек, Баумгартл, Гентнер и Гроскројц. До крајот има уште 4 кола, така што може да го пробате Штутгарт си дава автогол.

Топ 10 автоголови

Петтиот е најатрактивен, првиот најсмешен, во вториот сите се криви, а десеттиот и четвртиот се за подетално испитување.

Целерот на Стемфорд Бриџ, трампата за свинско и 149-те автоголови

Сите ја паметиме „божјата рака” на Марадона, големата трагедија во Хилсборо, но фудбалот има донесено и многу чудни и невообичаени приказни како што е едноминутното молчење за навивачот кој уствари тогаш бил на стадион.

Најатрактивните три автоголови на викендот

Серхио Агуеро не центрираше најпрецизно во една акција против Вест Хем, но го корегираше Џејмс Колинс. Кај Каљари тоа со глава го направи Антонио Балцано на асистенција н Инсиње. Најнеочекуваниот потег ова коло го направи Мохамад Шантави од Јордан кој можеби е првиот голман во историјата на фудбалот со ваков автогол.

Натпреварот на кој сите сакаа пораз

Индонезиските екипи, ПСС Слеман и ПСИС Семаранг поради претходно насилство играа куп меч зад затворени врати, но со тоа не успеаа да го сокријат срамот бидејќи снимката им излезе на интернет.