Густа магла...
Во 1945 година Арсенал одигра пријателски натпревар против Динамо Москва на Вајт Харт Лејн, кој и покрај инсистирањето на играчите да биде прекинат поради густата магла, судијата одлучи да продолжи.
Маглата беше толку ниско симната, што играта се претвори во смешка, каде играчите на двата тима играле по свои правила и имале голем број на повреди поради лошото време. Кога играчите на Динамо направиле измена, никој не излегол надвор, а навивачите сметале дека рускиот клуб натпреварот го завршил со 15 фудбалери.
Трансфер политика
Можеби најинтересната тема за дискусија е зимскиот трансфер период во Романија. Се работи за трансферот на Ион Раду во 1998 година. Играчот на Петросани бил продаден во Валчеа за 500кг свинско месо. Со парите добиени од месото газдата им обезбедил плата на играчите.
На пример сега ако Реал Мадрид го продаде Кристијано Роналдо на ПСЖ за 100 милиони фунти, Французите ќе треба да обезбедат 29 милиони килограми свинско месо.
Протест со автоголови
Една од најчудните фудбалски приказни доаѓа од првата лига во Мадагаскар каде Ас Адема го совлада СО Емирне со неверојатни 149 – 0. Сите тие биле автоголови како резултатот на нивниот протест за судењето на претходниот меч на турнирот.
Правиот хет – трик
Многу фудбалери постигнуваат хет – трик во своите кариери, но малку од нив ќе се пофалат со достигнувањето на дефанзивецот на Вест Хем Алвин Мартин за начинот на кој ги постигнал овие голови.
На натпреварот против Њукасл во април 1986-та, Мартин постигнал три гола против три различни голмани и така станал единствен играч со такво достигнување во историјата.
Голем ден за Крис Никол
Кога некој играч ќе постигне четири гола на еден натпревар тоа е за воодушевување. Дефанзивецот на Астон Вила, Крис Никол на мечот против Лестер постигнал два гола во својата мрежа и два во мрежата на противникот. Овој меч бил одигран на 20 Март 1976.
Тој го отворил натпреварот со гол, а пред полувремето на гостите им донел израмнување со автогол. Во вториот дел тој повторно го доведува Лестер во водство со прекрасен автогол, за да во финишот од мечот на Вила и донесе бод со уште еден гол.
Можеби го нарекуваат нерешен дуел?
Ладната зима во Англија во сезоната 1962/1963 донесе историско одложување на натпреварот помеѓу Линколн и Ковентри во ФА купот. Се одиграл 15 пати, траел 66 дена и завршил на 5 март со победа на Ковентри од 5:1.
Ниту едно дерби не е како на Мерсисајд
Ливерпул и Евертон се едни од најголемите ривали во Премиер лигата. Гудисон парк е стадионот каде што Евертон игра на домашен терен и тој е лоциран веднаш до Енфилд.
Нешто што не знаете за овие два клуба уште пред нивното ривалство е тоа дека домашен терен на Евертон е всушност Енфилд Роуд. Карамелите својот прв натпревар го одиграле на Енфилд во 1884 година, а првата своја сезона како професионален клуб во 1888. Ливерпул се основа четири години подоцна. Според тоа Евертон играл пред Ливерпул на Енфилд.
Минута молчење за кого...
Засрамувачки момент за Конглтон, тим од пониска англиска дивизија, кој решил со едноминутно молчење да му оддаде почит на починат фан, кој за време на молкот се симнал на тревата.
Епилог: Луѓето одговорни за односи со јавноста на Конглетон морале да го прекинат едноминутното молчење по појавување на човекот на кој му оддавале почит.
Само свирни крај
На натпревар во Данска помеѓу Норагер и Ебелтофт, гостите сакале да им украдат реми на домашните.
Норагер водел со 4-3 на неколку секунди пред крајот кога Ебелтофт го имал последниот напад. Како пристискале судијата Хенинг Ерикструп се фатил за свирчето да свирне крај. Меѓутоа во меѓувреме му паднала вештачката вилица и не успеал да означи крај на мечот. Играчите на Ебелтофт го искористиле тоа и го израмниле резултатот на 4-4.
Сепак дека судиската е последна Ерикструп докажал со тоа што им го поништил голот на гостите кои бурно протестирале до Данскиот фудбалски сојуз. На крајот домаќините славеле со 4-3.
Дај ми го тој зеленчук
Ретко која од овие случки на листава е постара повеќе од 10 години, како што е оваа за Челзи која заслужува посебно место кога навивачите на Челзи внесувале целер на Стемфорд Бриџ со години, како аналогија на нивната песна „Целер”.
Во 2007 клубот преку соопштение ги потсети навивачите дека внесување целер на трибините не е дозволено и дека кој ќе биде фатен со зеленчукот ќе се соочи со доживотна забрана за влез на Стемфорд Бриџ.