Ван Бек има 24 години а веќе е рекордер во холандската лига Ередивизија. Вчера на мечот Гронинген - Феенорд си го даде 6. автогол во кариерата на 106 одиграни меча.
Претходен рекордер во лигата бил поранешниот бек на Спарта Ротердам и Венло, Марилиј кој си дал исто шест автогола но на 144 натпревари.
Но тоа не е сè.
Најголема „жртва“ на Ван Бек е неговиот голман Кенет Вермер кој примил дури пет автогола од својот соиграч. Ниту еден противнички фудбалер не му дал повеќе голови досега.
Од сите можни ривали, Вермер најмногу голови примил од: соиграчот Ван Бек - 5 гола, а од Лук де Јонг, Рој Беренс, Едуард Дуплан и Алвред Финбогасон - по 4 гола.
Ван Бек вчера бил еден од најдобрите на теренот, но џабе кога со неговиот автогол Феенорд изгуби од Гронинген. Тој по автоглот имал дури 9 добиени дуели и дури 6 успешни лизгачки стартови (направил и 97 контакти со топката). Еднаш дури и тргнал во дриблинг што е права реткост за стопер.
Во младинските категории на Феенорд, Ван Бек бил несмасен и го сметале за недоволно перспективен. Како мал почнал да игра десно крило но набрзо се извишил необично многу и го вратиле во одбрана да игра стопер.
Свен самиот раскажал еднаш дека тогаш ги гледал лидерите на младинците на Феенорд Натан Аке и Кајл Ебесилио и помислил „По ѓаволите, сакам да бидам толку добар напред“.
Аке и Ебесилио подоцна отидоа во Англија и заиграа во Премиер лига а Ван Бек стигна до првиот тим на Феенорд каде го замени Стефан Де Фрај кој замина во Италија.
Од декември минатата година, Стен ван Бек е стандарден играч во одбрана а Феенорд во моментов е 3. место со 15 бода заостаток зад лидерот ПСВ и 11 зад Ајакс.