Таг: холандски фудбал

Во Кратово со џип влетуваат на терен, ти со скутер се фалиш

Холанѓаниве треба уште да учат како се однесува прав шериф на терен. Се јачаат со скутер на аматерски натпревар, ама изгледа немаат слушнато за Силекс и Ѕинго.

Фантастичен гол кој го фрли Ротердам во екстаза

Феенорд ја крена формата на многу високо ниво па откако во дербито среде Ајндховен го нокаутираа ПСВ со 0-4, синоќа го добија и Херенвен (3-1). Третиот гол на мечот, дело на Брајан Линсен го фрли цел „Де Кујп“ во екстаза.

Видео што треба да го видат Овермарс и Ван дер Сар

Роден на 23 март, 2001 година, Јарно Деуринг има само 18 и се прослави на меч од една од холандските аматерски лиги. Тргна во слалом како Алберто Томба, а на крај фалеше уште и редарот позади гол да го издрибла.

Е мој ВАР, зар вакво голиште да поништиш

ПСВ Ајндховен тргна јако во Ередивизија, мелеше сè пред себе, но во овој дел од сезоната како да клапнаа па врзаа многу порази и нерешени средби и Ајакс им избега, верувале или не, цели 13 бода. Викендов играа против Емен на гости и спасија жива глава (1:1). Во 19’ минута домашниот играч Глен Бајл погоди точно од средина на теренот ама му го поништија голот поради фаул после ВАР.

Холандија е држава, не е заебанција

За разлика од Италија во која расизмот има плодна почва која што ја залеваат и јавни личности на високи функции, во Холандија има голема борба против вакви девијантни појави.

Нема друг фудбалер на планетава што вака се напил пиво додека слави гол

Го фати како бејзбол топче, го дрмна на екс и им го врати назад. Што ти е култура, прецизност, ама и жед.

Имало и поштени (навивачи) меѓу пратениците

Далеку сме ние од давање вакви џентлменски изјави со извинувања, ама фино би било да чуеме/да чујат нашиве дека некој некаде ги дава.

Од време на Роналдињо не сме виделе ваков потег

И покрај тоа што Ајакс за него имаше многу понуди, на крај успеа да го задржи. Давид Нерес (22) сезонава пак ќе ги забавува навивачите, како синоќа против Лил.

Кога судија ја пишал 5+

После мечот од 4-та холандска лига меѓу Харкемас Бојс и ХСВ Хоек може да кажеме дека сме виделе сè. Еден од стрелците на мечот беше и главниот судија кого топката го удри во лева нога и заврши во мрежата по хаос во шеснаесетникот. Мртов ладен го призна голот со кој Хоек намали на 3:2 и покажа кон центарот. На крајот мечот заврши 4:2.

Во Холандија ќе мирува цела лига додека Ајакс игра со Тотенхем

Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.

Во Холандија ќе се игра фудбал со необична топка со слики на Рембрант

Во понеделникот на 8 април во Рејксмузеум (Државен музеј) во Амстердам ја претставиле новата топка за холандското фудбалско првенство која ќе сe „тркала“ од 28 април како проба за следната сезона. Многу е интересна и необична.

Рекордерот по број на автоголови во Холандија

Стоперот на Феенорд, Стен ван Бек важи за талентиран, снажен одбранбен фудбалер, ама има една маана - едно, две па си дава автогол. Веќе е рекордер.

Легендарното крило Овермарс прави ренесанса во Ајакс

Славниот клуб од Амстердам неколку години го немаше на фудбалската мапа на Европа онака како што треба да го има, па затоа Јохан Кројф пред неколку години го викнал Марк Овермарс на кафе-муабет.

Видовте ли како Ван Перси го потопи Ајакс?

Феенорд во неделата, пред преполн „Де Кујп“ со 6:2 го прегази најголемиот ривал во Холандија а јунак на мечот беше ветеранот Робин ван Перси кој даде два и намести еден гол.

Гол од корнер на АЗ Алкмар додека голманот на Херенвен спиеше

Во неделата во 19. коло од холандската Ередивизија, АЗ Алкмар со 0-2 на гости го победи Херенвен а вториот гол кој го даде Осама Идриси во 78’ минута беше маестрална замисла и изведба.

Како почнал со фудбал чудесниот Френки од Ајакс кој потпиша со Барселона

Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.

И вака имало а?

Холандскиот тим РКЦ отиде на последната анти фер плеј карта за едно пусто реми на домашен терен. И после оди одлучи да те видам дали е правилно или не да ја прекинеш играта кога некој ќе легне. 

Баш чуден гол на ПСВ Ајндховен

Лидерот во холандското првенство губеше 0-1 па победи со 3-1 после пресвртот со АЗ Алкмар. Вториот гол за домаќините го даде Михал Садилек на асистенција на Лук де Јонг. Чуден гол многу.

Чудно ефе во Холандија, топката сама излезе од гол

АЗ Алкмар со 5:0 го демолираше Цволе во Купот но мечот го одбележа еден многу луд лоб удар. Фудбалерот на домашните Матс Сентјес реши да го префрли голманот и почна да се радува, ама...

Да знаат само дека се кладиме овде на нив

Квик ’20 е последно пласирана екипа во првенството за вторите „Б“ и младински екипи на Холандија. Познато ви е она Јонг ПСВ, Јонг АЗ Алкмар, Јонг Витесе итн. Епа Јонг Волендам губел 4-3 од последниот Квик ’20 ама на крај голманот ја извадил работата од гол на гол.

Добрина на колото

Феенорд ги поканил децата од детската болница „Софија“ во Ротердам да бидат гости на мечот со Ексцелзиор. Гостинските навивачи во еден момент од секторот кој се наоѓал над местата каде седеле децата фрлиле стотици плишани мечиња.

Нашиот дик е поголем од вашиот

На дуелот од баражот во Холандија за влез во првата лига Емен и Спартак одиграа досадни 0-0 па на трибните беше поинтересно. Со оглед на тоа што двајцата тренери се викаат Дик (едниот Лукиен, другиот легендарниот Адвокат), домашните навивачи извадија банер со натпис:

Фудбалер на Витезе му покажа жолт картон на судијата за глума

Наварон Фор од холандскиот Витезе во 61’ минута од средбата со Твенте влезе во еден дуел во кој се најде и главниот судија кој падна на земја. Кога станаа играчот му здрпа картон на судијата и го опомена.

Холандија тргнува од нула во потрага по идентитетот

Освен Ван Дајк од Ливерпул за кого дознавме по богатиот трансфер во Ливерпул, Јаспер Цилесен голманот на Барселона и Бас Дост центарфорот кој игра во Спортинг Лисабон, новата фудбалска репрезентација на Холандија е составена од анонимуси кои треба да ја заживеат „Орање“.