После мечот од 4-та холандска лига меѓу Харкемас Бојс и ХСВ Хоек може да кажеме дека сме виделе сè. Еден од стрелците на мечот беше и главниот судија кого топката го удри во лева нога и заврши во мрежата по хаос во шеснаесетникот. Мртов ладен го призна голот со кој Хоек намали на 3:2 и покажа кон центарот. На крајот мечот заврши 4:2.