Во петок, на 23 март, во Амстердам репрезентацијата на Холандија ќе го одигра својот прв меч под водство на новиот селектор - Роналд Куман. Противник ќе им биде Англија. А три дена подоцна, во Женева, „Орање“ ќе се сретне со актуелниот европски првак - Португалија.
Криза на фудбалски идентитет (voetbalidentiteitscrisis)
„Ние преживуваме криза на фудбалски идентитет. Доволно долго одморавме на ловориките. Сега нашата визија мора одново да биде дефинирана“, си постави цел пред себе и пред целиот холандски фудбал новиот комесар на Кралскиот сојуз (KNVB) Хан Бергер.
Прв за „кризата на фудбалски идентитет“ јавно зборувал некогашниот селектор Берт ван Марвејк. Сега и новото раководство на холандскиот сојуз го сфаќа проблемот.
Репрезентацијата на Холандија, по мислење на Хан Бергер кој беше раководител во фудбалскиот клуб Сиднеј пред да се врати во татковината, е оддалечена од KNVB и таа ’островска култура’ мора да ја скршиме. (се мисли на лигата Ередивизија која беше како остров оддалечена од репрезентацијата)
„Филозофијата е нешто подруго од формација. Ние ја замрзнавме секоја расправа и се се сведуваше на 4-3-3. Но тоа е само средство. На крајот се е до принципот на игра. Нема никакви догми! Селекторот е должен да има целосна слобода во донесувањето одлуки, да ги одредува играчите според нивните можности“, вели Хан Бергер, новиот лидер на холандската фудбалска федерација.
Не чуди и тоа што нов извршен директор во Кралскиот фудбалски сојуз стана Нико Јан Хогма (син му Џастин минатото лето премина од Хераклес во Хофенхајм). Зад Хогма има успешен период во Алмело, каде во последните неколку години скромниот Хераклес покажа пример како се работи успешно. И на терен и во канцеларии (Џон Стегеман беше номиниран за признанието тренер на годината).
ИЗБОРОТ НА КУМАН
Од проширениот список репрезентативци, Куман прецртал осум играчи. Дејли Блинд и Руд Вормер влечат неизлечени повреди. „Германците“ Џефри Брума (Волфсбург) и Карим Рекик (Херта) и „Англичанецот“ Дарил Јанмат (Вотфорд) се опоравија од повреди но уште не се во форма. Стивен Бергвејн и Лук де Јунг од ПСВ Ајндховен во очите на селекторот изгубија од конкурентите од Ајакс и АЗ Алкман и не биле повикани.
Поранешниот тренер на Евертон се реши во репрезентацијата да повика 5 нови дебитанти за пријателските со Англија и Португалија. Први покани за деби во портокалов дрес добиле Ваут Вегорст, Гус Тил, Марко Бизот (сите тројца од АЗ), Ханс Хатебур (Аталанта, Италија) и Џастин Клајверт (Ајакс, син на легендарниот Патрик).
Првпат од 2009-та во репрезентацијата на Холандија има тројца фудбалери од Алкмар, а Џастин Клајверт е еден од најмладите во историјата на „Лалињата“ и воедно еден од ретките синови чии татковци играле за репрезентацијата (во минатото тоа биле Франк и Стивен Бергхоис, Дани и Дејли Блинд, Јохан и Жорди Кројф, Јан Еверсе постариот и Јан Еверсе помладиот, Вим и Рене ван дер Гејп, Џери и Најџел де Јонг, Мартин и Ервин Куман, Мартин и Роналд Куман, Јан и Јури Мулдер).
СТАТИСТИЧКИ ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НОВАТА ХОЛАНДСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
21 - Ваут Вергост, дебитантот од АЗ Алкмар во актуелнава сезона дал повеќе голови од било кој друг игач во Ередивизија. Центарфорот има 21 гол на 30 натпревари во сите натпреварувања. Второ место е Стивен Бергхоис - (17 гола на 37 меча).
142 - контакти со топка на противничкото поле сезонава имал Гус Тил во Ередивизија што е најдобар показател за играчите од среден ред.
10 - меча без примен гол (clean sheet) има голманот на АЅ Марко Биѕот сеѕонава во Ередивизија. Втор зад него е Јерун Зут, голманот и единствен претставник од ПСВ во репрезентацијата на Куман.
20 - контакти со топка на противничката половина имал Ханс Хатебур во натпреварите од Лига Европа што е трет најдобар показател од сите бекови во Лига Европа.
10 - бода по системот гол + асистенција (6+4) има 18-годишното крило на Ајакс Џастин Клајверт (после мечот во Ротердам минатиот викенд има 7 гола и 11 бодови по системот гол + асистенција). Тоа е најмладиот играч со таква статистика сезонава во Ередивизија.
Во петок Џастин Клајверт би можел да повтори уште едно достигување на татко му - да дебитира во репрезентацијата на само 18 години.
Состав на Холандија:
Голмани - Марко Бизот (АЗ Алкмар), Јаспер Силесен (Барселона), Јеруне Зут (ПСВ)
Одбрана - Патрик ван Анхолт (Кристал Палас), Натан Аке (Борнмут), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Тимоти Фосу-Менса (Кристал Палас), Ханс Хатебур (Аталанта), Матејс де Лихгт (Ајакс), Кени Тете (Олимпик Лион), Стефан де Врај (Лацио)
Средина - Дони ван де Беек (Ајакс), Деви Пропер (Брајтон), Мартен де Рон (Аталанта), Кевин Стротман (Рома), Гус Тил (АЗ), Тони Вилена (Фејенорд), Џорџињо Вијналдум (Ливерпул)
Напад - Рајан Бабел (Бешикташ), Стивен Берхоис (Фејенорд), Мемфис Депај (Олимпик Лион), Бас Дост (Спортинг Лисабон), Џастин Клајверт (Ајакс), Квинси Промес (Спартак Москва), Ваут Вергос (АЗ Алкмар).