Одбраната на Лацио сезонава е кашкавал. Екипи како Сасуоло, Болоња, Џенова и Аталанта имаат примено помалку голови од нив. Една од главните причини е што им фали стоперот на Холандија, кој за време на репрезентативен настап лани во септември го повреди коленото, а потоа мораше да оди на операција и да ја скокне цела сезона.