Италијанските медиуми пишуваат дека клубот од Рим е оштетен од страна на хакери кои профитирале од трансферот на Стефан Де Врај кој во 2014-та од Феенорд премина во Лацио.
Хакерите отвориле лажен мејл со логото на Феенорд и му пишале на Лацио официјално барање дека треба да им исплатат 2 милиони евра како последна рата од трансферот кој се случи пред 4 години.
Лацијалите постапиле по барањето, но подоцна било откриено дека парите не завршиле на сметката на Феенорд.
Преварантите го смениле и ИБАН бројот и на парите им се губи трагата.
За сега нема информации на чија сметка легнала големата сума, а сомнежите се дека се стигнати во холандска банка.
Стоперот на холандската репрезентација стана член на Лацио на 30 јуни 2014-та за 7 милиони евра, а според Трансфермаркет неговата вредност во моментов изнесува околу 40 милиони евра.
Де Врај важи за еден од најдобрите и најбараните стопери од Серија А кој беше мета на големи клубови како Манчестер Јунајтед и Барселона, но од ова лето веројатно ќе замине како слободен играч во Интер.