Како Стефан Де Врај се спрема за кам бек

Одбраната на Лацио сезонава е кашкавал. Екипи како Сасуоло, Болоња, Џенова и Аталанта имаат примено помалку голови од нив. Една од главните причини е што им фали стоперот на Холандија, кој за време на репрезентативен настап лани во септември го повреди коленото, а потоа мораше да оди на операција и да ја скокне цела сезона. 

24 годишниот Стефан Де Врај кој го одби Манчестер Јунајтед за да игра во Лацио, го сметаат за еден од најдобрите дефанзивци на римјаните по заминувањето на Неста, а ова е неговата програма за враќање на Олимпико каде едвај го чекаат.

29 март 2016 - 12:34