За Стефан де Врај ова не можеше да биде еден обичен натпревар. Тој знаеше дека ова ќе му биде последен меч за Лацио и тоа против неговиот иден клуб Интер. Знаеше дека ако победеше или одиграше нерешено ќе го однесеше Лацио во ЛШ, а со Интер следна одина ќе играше во ЛЕ.
Сè на сè многу притисок и хаос во главата на еден од најбараните дефанзивци во Европа кој летово како слободен играч од Рим се сели во Милано.
Де Врај побара од Инѕаги да биде да терен и одигра цврство во одбрана во свој стил, а единствената грешка која ја направи беше стартот врз Икарди во 77-ма минута со кој Интер израмни на 2:2, а 4 минути подоцна го сврте резултатот.
Во 84-та минута во обид да стигне до потребниот нерешен резултат за ЛШ, стратегот на Лацио го извади Де Врај и го стави Нани, а Холанѓанецот го доживеа поразот како трагедија. Парадоксална, ама вистинита слика, пласманот во Лига на шампиони не му ја намали тагата.
Неговите солзи покажа дека е голем профеисоналец кој не сакаше да се збогува со клубот и навивачите на ваков начин. Глупаво е да му замерат за пеналот. И на друг можеше да му се случи во обид да со сопре Икарди, стрелецот број 1 во Серија А, заедно со Имобиле.