Во последното коло Лацио го пречекува Интер, натпревар кој веројатно ќе биде клучен за пласман во Лига на шампиони, освен ако Интер не киксне со Сасуоло, а Лацио го совлада Кротоне. Разликата меѓу овие две екипи е сега +2 за Римјаните.
На само 10 дена пред овој дуел, италијанските медиуми соопштија дека Интер го официјализирал договорот со стоперот на Лацио, Стефан Де Врај во лигата и со тоа од 1 јули тој станува нов член на Интер со кој потпишал 5 годишен договор за годишна плата од 4,2 милиони евра.
Информација која очекувано крена огромна врева во Италија и која може дури и да ја доведе до прашање регуларноста на мечот. Ако Де Вриј одигра максимално ангажирано за клубот од каде и зема плата во моментов и Лацио победи, тоа значи дека ќе треба да се радува вештачки, бидејќи неговиот иден клуб ќе остане без ЛШ.
Во спротивно, тој по секоја логика би бил задоволен ако си замине дома со пораз, бидејќи од следна година има загарантирно учество во Лига на шампиони.
Затоа сега во медиумите на полуостровот и социјалните мрежи се поставува прашањето дали Симоне Инѕаги треба да го седне на клупа на последните две средби против Кротоне и Интер?
„Според мене ситуацијата е многу специфична. Единствениот кој знае што е правилно е самиот Де Врај. Тој треба да избере дали може да игра и да се почитува неговата одлука. Ако се чувствува спремен, тогаш треба да биде во состав, но ако не е така јас не би го пуштил. Со месеци се знае дека Лацио - Интер веројатно ќе биде клучен меч. Можеше да почека на потписот или можеше да побара од Интер да не ја обелоденуваат веста“, смета Пино Вилсон, капитен на Лацио од првото Скудето во 1974-та.
Сличен став има и поранешниот дефанзивец на Лацио, Себастијано Севиља.
„Де Вриј во последно време игра добро, но со Интер ќе биде под поголем притисок и ќе им биде на сите под око. Заради тоа Инѕаги треба да биде многу внимателен и да оцени дали е смирен или не. Јасно е дека во случај на грешка, критиките ќе бидат тешки. Јас сум убеден во неговата професионалност. Ако психолошки е стабилен треба да игра, во спротивно не“.
Интер со овој потег не прави ништо нелегално, но игра неспортски спрема клуб со кој е во одлична релација, особено нивните навивачи кои се збратимени. На еден од најбараните дефанзивци во Европа, кој инаку сезонава има постигнато 6 гола во Серија А, едноставно нема да му одговара да го победи Интер. Ако игра и направи грешка, јасно е како ќе биде интерпретирана од навивачи на Лацио.
Ова се дел од нивните мислења:
„Професионалноста на Де Врај не е доведена во прашање, туку потегот на Интер кој не е елегантен. Не беа тајна преговорите меѓу нив, но да го депонираш договорот во лигата пред крај на сезона го гледам како недостаток на стил“
„За мене е нереално Де Врај да игра на клучниот меч поради иднината во клубот кој ќе почне да го плаќа. Според мене Инѕаги не треба да го пушти“.
„Значи Лацио - Интер ќе се игра 10 на 12?“
„Како може да се полемизира за соопштението на Де Врај во Интер? Веста кружеше веќе некое време, сега Инѕаги може да го стави на клупа на Олимпико со поголема смиреност.“
„Сè ќе направат за да го дестабилизираат Лацио во најспецифичните денови на сезоната. Се надевам дека ќе знаеме да биде посилни од нашата иднина“.
„Имам еден сон: Де Врај да го постигне решавачкиот гол и со тоа да го казни својот иден клуб во Лига Европа“