Феенорд и натаму е трет на табелата, но сега има 8 бода помалку од Ајакс кој во моментов е втор.
На свои 35 години Роби ван Перси покажа дека уште е топ играч. Тој досега сезонава постигна 10 гола во холандската лига, а соопшти дека на лето дефинитивно ја завршува кариерата.
Против Ајакс во неделата попладне постигна два убави гола:
„Мислам дека на крајот од сезоната ќе ја завршам кариерата. Ќе имам 36 години, а на професионално ниво играм од 18. Од 5 години се занимавам исклучиво со фудбал.
Мене не ми треба шампионска титула во Холандија за да го дефинирам враќањето во Феенорд за успешно. Веќе го сметам за успешно.
Во последните години почнав да губам задоволство од играта. Не сакав така да ја завршам кариерата.
Но меракот за фудбал ми се врати откако се вратив во Феенорд. Сакам да им помогнам на другите играчи, да го споделам искуството. Се трудам да им помогнам на пријателите“, така Ван Перси објавил за крајот на кариерата на лето.
Riemen (weer) vast, Feyenoorders!
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) January 27, 2019
➡️ Tweede helft #feyaja (3-2) pic.twitter.com/s02VDPVAFG
Холанѓанецот на професионално ниво игра од 2001 година. За тоа време играше за Феенорд, за Арсенал, Манчестер Јунајтед и Фенербахче. Постигна 262 гола на 573 натпревари.
Робин е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Холандија со 50 гола на 102 меча.
Во истото коло, Фортуна Ситард победи со необичен гол од далечина, а играч на АЗ Алкмар постигна гол директно од корнер.