Феенорд ја крена формата на многу високо ниво па откако во дербито среде Ајндховен го нокаутираа ПСВ со 0-4, синоќа го добија и Херенвен (3-1). Третиот гол на мечот, дело на Брајан Линсен го фрли цел „Де Кујп“ во екстаза.
ПСВ го победи Венло со 4-1 и се израмни бодовно со Ајакс на 1. место на табелата во Холандија, но тимот од Ајндховен има меч повеќе. Синоќа во фокусот беше акцијата со запалени свеќи во чест на оние кои не ја преживеаа 2020-та.
Луд меч во Холандија одиграа Емен и Феенорд. Домаќинот два пати водеше и тоа со играч помалку поради црвен картон во 36' минута, ама гостите се извадија и на крај славеа 2:3 со гол во 90'+4 минута. Погледнете го голов на Микаел Де Леув во 42' минута:
Фудбалската сезона во Холандија заврши меѓу првите неколку во Европа кои уште во април решија да стават крај на актуелната поради глобална пандемија со вирусот.
Иако ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 и натаму е неизвесна, повеќе европски влади размислуваат за ублажување на мерките, а соодветно на тоа и многу национални првенства се острат да ги пуштат спортистите во арените.
Викендов тргна со автоголови. Во Париз на дербито ПСЖ - Лион, гостинскиот фудбалер Маршал си даде трагикомичен автогол, а ништо помалку чуден не беше ни оној на Мајк Трезор, играч на Вилјем Втори.
Некој по којзнае кој пат, некој првпат, некој вторпат. На Стариот континент се прославија многу шампионски пехари а прваците ги чека нова европска сезона после летните одмори.
Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.
Во понеделникот на 8 април во Рејксмузеум (Државен музеј) во Амстердам ја претставиле новата топка за холандското фудбалско првенство која ќе сe „тркала“ од 28 април како проба за следната сезона. Многу е интересна и необична.
Ривалитетот меѓу овие два клуба е голем а стадионите на кои се игра дербито (или „Де Кујп“ или „Јохан Кројф Арена) секогаш се преполни и грмат 90 и кусур минути. Атмосферата на холандскиот Klassieker вреди да се доживее.
Феенорд во неделата, пред преполн „Де Кујп“ со 6:2 го прегази најголемиот ривал во Холандија а јунак на мечот беше ветеранот Робин ван Перси кој даде два и намести еден гол.
Во неделата во 19. коло од холандската Ередивизија, АЗ Алкмар со 0-2 на гости го победи Херенвен а вториот гол кој го даде Осама Идриси во 78’ минута беше маестрална замисла и изведба.
Фудбалската сезона во најдобрите европски лиги заврши, па време е за мала рекапитулација на состојбата во Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Русија, Белгија, Турција, Португалија и Украина.
Чекаа, трпеа понижувања од најголемите ривали, беа пред финансиски колапс, губеа по 10-0 и имаа рекордна серија на порази но дочекаа. Дочекаа да ѝ се израдуваат на титулата што ја сонуваа од 1999. година.
Целата сезона лани Ајакс беше прв во Ередивизија, за во последното коло да влезе со исто бодови како ПСВ. На крајот ремизираа дома со Де Графшап а ПСВ го победи Цволе на гости и на неверојатен начин стана шампион. Сега Ајакс го брка Феенорд пред последното коло.
После цели 18 години, славниот Феенорд од Ротердам е на одличен пат повторно да стане шампион. Навивачите кои од 99-та чекаат на трофејот, еуфорично ги пречекаа своите миленици по враќањето од Арнхејм каде го победија Витезе.
Меѓу скаутите и ловците на млади таленти важи едно непишано правило: Ако не знаеш каде, упати се во земјата на лалињата. Кои се најталентирани играчи во тамошната лига во моментов?
На мечот против Ексцелзиор Ротердам во неделата, син му на Патрик Клајверт го постигна првиот гол во професионалниот фудбал, а со одличната форма најавува дека наскоро би можел да ја рипне Холандија У21 и да отиде право кај сениорите.
На мечот против Спарта Ротердам, играч на Ајакс се жалеше на повреда и додека гостинските фудбалери застанаа, Јоан Велтман тргна во напад и центрираше. Во тој момент Ајакс водеше 2:0.
Фудбалот е заебана игра. На секој млад талент кој се пробива има дваесет млади таленти кои пропаѓаат. Малку се оние на кои им се насмеала среќата, како на пример на Харви Езајас кој беше член на Милан во славните денови а никој не го знае.
Фудбалерите на некогашниот европски првак го победија Утрехт 2:1 во финалето на Купот на Холандија и го освоија првиот трофеј од 2008. година. Во Ротердам 59 уапсени поради нереди при прославата на плоштадот.