Но во понеделникот властите во Холандија соопштиле дека од почетокот на пандемијата во земјата не била регистрирана ниту еден смртен случај од КОВИД-19.
Во средата премиер на Холандија Марк Руте на прес конфренција објавил дека од 1 јули ќе има ублажување на ограничувањата.
ЌЕ СЕ ОПУШТАТ МЕРКИ И ВО ФУДБАЛОТ, НО АКО НАВИВАЧИТЕ ПЕЈАТ, СТАДИОНИТЕ ПАК ЌЕ СЕ ЗАБРАНАТ
На 12. септември треба да започне новата сезона 2020/2021 од холандската Ередивизија, а репрезентацијата на Холандија има во распоредот два домашни меча од Лигата на нации.
Властите размислуваат да пуштат гледачи на стадион но под неколку услови. Навивачите треба да држат социјална дистанца од пола метар што значи дека само третина од стадионите ќе биде исполнета, а не цел капацитет.
Уште еден услов е забраната на навивачите да пејат.
„Ако на стадионите се пее, просто стадионите од ново ќе се затворат. Ако гласно викате или пеете, шансите за ширење на вирусот се многу големи. Земете со себе рогови кои свират кога во нив дувате. Може да се шепоти “ура“ кога се дава гол, но не повеќе. Знам дека ова звучи ужасно но истражувањата покажуваат дека вирусот брзо се шири дури и на отворен воздух“, вели Роте.
На изјавата на премиерот веќе реагирале навивачите.
„Тоа е невозможно да се замисли. Емоциите на стадион го прават фудбалот така убав - аплаузи, песни, танци, некогаш и закачки. Се доаѓа автоматски, не знам како е можно тоа да се сопре“, вели претседателот на здружението навивачи на Ден Хаг Жак Ван Леувен.
Повеќето клубови ќе ја исполнат третината од капацитетот со сезонски влезници. Како ќе изберат кој ќе оди на натпреварите а ко не?
„Или сите на стадион или никој. Како може на еден сопственик на сезонска да му се дозволува да доаѓа а на друг не? Некој ќе пуштите на Ајакс - Феенорд, а некој на Ајакс - Валвејк? Ова е неразјаснета одлука. Не сакаме да правиме разлика меѓу нашите навивачи“, вели претставникот на навивачите на Ајакс Фабиан Нагцам.
ДАЛИ ПЕСНИТЕ И ГЛАСНИ РАЗГОВОРИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУС?
Во март 60 членови на хор во Вашингтон имале репетиција со држење социјална дистанца и со користење средства за дезинфекција на рацете.
Три недели после 45 од нив биле позитивни на новиот вирус, тројца од нив хоспитализирани а двајца умреле.
Овој случај е еден од аргументите во полза на верзијата дека честичките кои излетуваат од уста кога луѓе пејат или гласно зборуваат, се распространуваат од половина до два метри.
Коронавирусот не се задржува во воздухот и веднаш паѓа на земја. Но вибрациите можат да го рашират подалеку од вообичаено.
„Тие капки обично летаат во предел од 1-2 метри но можно е да отидат и подалеку ако кашлате, кивате или плукате со поголема енергија“, вели во интервју за Business Insider професорот за инфекциски заболувања на медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт Вилијамем Шафнер.
Претставник на Светската здравствена организација Марија Ван Керхове изјавила дека врз основа на досегашните испитувања и по мислење на вирусолозите, коронавирусот веројатно не проаѓа повеќе од 1,8 метри.