Феенорд го прослави првиот трофеј по 8 години

Фудбалерите на некогашниот европски првак го победија Утрехт 2:1 во финалето на Купот на Холандија и го освоија првиот трофеј од 2008. година. Во Ротердам 59 уапсени поради нереди при прославата на плоштадот.

Освоениот пехар во Купот е 12-ти во историјата на клубот од Ротердам по што обезбедија директно место во Лига Европа следната сезона. Феенорд во моментов е трет на табелата во Холандија.

Мишиел Крамер го доведе Феенорд во водство, Рамон Леувин израмни на шест минути пред крајот на првиот дел а во 75-та минута Елјеро Елиа (екс Јувентус) ги постави конечните 2:1.

Младиот Дирк Кајт го освои Купот во 2003. како нов играч на клубот од Ротердам во кој дојде за 1 милион евра и сега 13 години подоцна. Феенорд тогаш славеше со 4:1, а Кајт беше прогласен за играч на мечот. Тренер на екипата во моментов е Џовани Ван Бронхорст, поранешниот играч на Барселона.