Таг: дирк кајт

Ќе фалат овие момци

Сезоната 2016/2017 ги носи во заслужена пензија: Франческо Тоти (40), Филип Лам (33), Чаби Алонсо (35), Џон Тери (36), Дирк Кајт (36) и Максвел (35). Сите име до име и сите со кариери за почит кои ќе се раскажуваат во книги. Првиот имаше испраќање како Бог, а последниот е рекордер со 37 трофеи. Капа доле за сите вас.

Господин Дурасел ја заврши богатата кариера

36-годишниот Дирк Кајт на најдобар можен начин се прости од фудбалот откако со хет-трик во последното коло му донесе титула на саканиот Феенорд после цели 18 години.

Ротердам прослави титула после 18 години

Чекаа, трпеа понижувања од најголемите ривали, беа пред финансиски колапс, губеа по 10-0 и имаа рекордна серија на порази но дочекаа. Дочекаа да ѝ се израдуваат на титулата што ја сонуваа од 1999. година.

Феенорд го прослави првиот трофеј по 8 години

Фудбалерите на некогашниот европски првак го победија Утрехт 2:1 во финалето на Купот на Холандија и го освоија првиот трофеј од 2008. година. Во Ротердам 59 уапсени поради нереди при прославата на плоштадот.

Полн стадион без мажи, со 43.000 жени и деца

Во 2011. година, поради инвазијата на навивачите на пријателската против Шахтјор, Фенербахче беше казнет да игра без публика две домашни средби. Клубот предложи да може да присуствуваат жени и деца до 12 години, турскиот сојуз прифати и стадионот Шукру Сарачоглу прати убава слика во светот.