Убавата слика од Истанбул

Полн стадион без мажи, со 43.000 жени и деца

Во 2011. година, поради инвазијата на навивачите на пријателската против Шахтјор, Фенербахче беше казнет да игра без публика две домашни средби. Клубот предложи да може да присуствуваат жени и деца до 12 години, турскиот сојуз прифати и стадионот Шукру Сарачоглу прати убава слика во светот.

Светски познати по фанатизмот, навивачите на Фенербахче често знаат да направат нешто на штета на клубот. Така на пријателскиот меч во јули 2011-та година, против украинскиот Шахтјор влегоа на теренот и не дозволија нормален тек на мечот.
 
Од таа причина, Турската фудбалска федерација ги казни првите два натпревари на стартот од сезоната да иги играат пред празен стадион.
 
Клубот, свесен колку е тешко да се игра во тишина каде одекнуваат само повиците на играчите, решил да понуди прифатливо решение за сите страни. Понудија за дуелот против Маниса на 11. септември да дозволат влез на жени и деца до 12 години, со цел да се промовира фудбалот.
„Жените имаат многу трпение додека чекаат во ред за карти. Мажите обично се туркаат и се гласни додека доаѓаат на стадионот. Утрово околу 8.000 жени без никаков проблем чекаа во ред да си ги земат предвидените влезници", изјавил тогаш пред мечот потпретседателот на Фенербахче, Али Коч.
Средбата се играше во вторник во вечерен термин и собра преку 43.000 вљубеници во гигантот од Истанбул. Наместо громогласно навивање, кога Фенербахче ја имаше топката во посед се слушаа викотници на деца и женски врисоци. Сепак, сликата која што ја пратија беше единствена и уникатна во фудбалската историја.

Средбата заврши 1:1.
„Ќе ја паметам оваа вечер засекогаш. Не баш често може да видите толку многу жена и деца на натпреварите. Прекрасна слика, штета што не им овозможивме на дамите со победа да заминат дома“, изјави некогашниот капитен на Фенербахче, Алекс де Соуза.
Пред мечот играчите на двата тима даваа цвеќе по трибините. Многу од жените носеа маици со ликот на Јилдирим, во знак на притворениот отогашен претседател на Фенербахче, Азиз Јилдирим кој беше уапсен поради наместени натпревари.