Во последното коло од холандското првенство, Фејенорд го победи Хераклес 3:1, првпат после 1999. година заврши прв и ја освои шампионската титула. И покрај триумфот од 3:1 над Вилјем II, Ајакс Амстердам заостана еден бод зад Феенорд и како и лани завршува втор.
Навивачите на Фејенорд и целиот град воопшто беа спремни за големата еуфорична прослава што ќе следува. Тимот од Ротердам можеше да ја освои титулата уште во минатото коло но чудно Екселзиор ги декласираше со 3:0, па навивачите мораа да чекаат една недела.
Легендата на Фејенорд Дирк Кајт (35-години, 12 сезонски гола) го отвори резултатот уште во 38 секунда по една грешка на противничката одбрана, а до крајот од веројатно последниот негов меч во кариерата, ветеранот постигна уште два погодоци за хет-трик.
Dirk Kuyt season by numbers for Feyenoord:
— Squawka Football (@Squawka) May 14, 2017
84 shots
54 aerial duels won
42 chances created
12 goals
4 assists
1 title-winning hat-trick
👊 pic.twitter.com/ih0w0vJDta
... И славјето можеше да почне
Навивачите славеа по градските фонтани и плоштади
Еден од најзаслужните за титулата на Феенорд е Данецот Николај Јоргенсен кој е прв стрелец во Ередивизија: со 21 гол на 32 меча.
Уште една ѕвезда на тимот е Јенс Торнстра кој на 34 меча имаше 14 гола и дури 10 асистенции.
Јенс на 28 години ја игра најдобрата сезона во кариерата. Тој никогаш не бил така ефикасен како сезонава. Торнстра важи за унивезрален фудбалер кој може еднакво добро да игра на било која позиција на средината од теренот.
Тој е мотор на екипата кој не застанува од прва до последна минута. Јенс е втор стрелец во екипата и втор асистент. Блескавата сезона го враќа во репрезентацијата каде не бил од 2013. година.
Легендарниот бек на Арсенал и Барселона, познатиот Џовани ван Бронхорст не ја освои титулата со Фејенорд како играч, но таа среќа ја имаше како тренер. Богами и знаење.
Елиеро Елиа, 30-годишниот крилен напаѓач сезонава на 24 меча имаше 9 гола и 8 асистенции.
Тој во кариерата смени 20-ина клубови и на крајот ја најде својата идеална екипа. Почна со хет-трик уште во првото коло со Гронинген, а потоа го скршил палецот па пропуштил практично третина од првенството.
Важи за еден од најдобрите дриблери во лигата, а неговиот „еластико“ против ПСВ Ајндховен е потег на сезоната.
Стивен Бергхејс, 25 годишното крило одигра 30 меча, постигна 7 гола и имаше 5 асистенции.
Бергхејс е поранешен фудбалер на АЗ и Твенте, играше малку и во Вотфорд, а на крајот идеално се вклопи во напаѓачката формација на Ван Бронхорст. Сезонава играше како позајмен играч од премиерлигашот, па не случајно навивачите бараат управата да ја продолжи позајмицата и следната сезона.