Чудна вест ни доаѓа од холандскиот прволигашки фудбал, од мечот РКЦ - Ексцелзиор на кој во првите 45 минути не се слушнало ниту еднаш свирчето на судијата. Мислењето на навивачите е поделено. Едни велат дека се работи за врвен судија кој добро што остава течна игра со физички контакти, други сметаат е кловн и дека ова го прави за внимание.
Не знаеме што точно се случува во нашата четврта лига, ама сигурни сме дека до сега не се случило судија да постигне гол и мртов ладен да го признае. Холанѓаните тоа го доживеаа во истиот ранг. Неверно.
ПСВ го победи Венло со 4-1 и се израмни бодовно со Ајакс на 1. место на табелата во Холандија, но тимот од Ајндховен има меч повеќе. Синоќа во фокусот беше акцијата со запалени свеќи во чест на оние кои не ја преживеаа 2020-та.
Луд меч во Холандија одиграа Емен и Феенорд. Домаќинот два пати водеше и тоа со играч помалку поради црвен картон во 36' минута, ама гостите се извадија и на крај славеа 2:3 со гол во 90'+4 минута. Погледнете го голов на Микаел Де Леув во 42' минута:
Кога културолошки си понапред од другите, нема да мислиш како да внесеш сабја на стадион, туку ќе направиш изненадување со кое прво ќе помогнеш, второ ќе усреќиш и трето сите ќе те зборат за убаво.
Во понеделникот на 8 април во Рејксмузеум (Државен музеј) во Амстердам ја претставиле новата топка за холандското фудбалско првенство која ќе сe „тркала“ од 28 април како проба за следната сезона. Многу е интересна и необична.
Играа Фортуна Ситард и Витезе во Холандија. При резултат 1-1, во 90+2' минута Фин Стокерс проба нешто од далечина и донесе голема радост за домаќините.
Лидерот во холандското првенство губеше 0-1 па победи со 3-1 после пресвртот со АЗ Алкмар. Вториот гол за домаќините го даде Михал Садилек на асистенција на Лук де Јонг. Чуден гол многу.
Без разлика дали е реклама за долен веш или некоја друга фора, сепак Холанѓаните решиле да разбијат монотонија со стандарните процедури пред почетокот на еден меч и да ја зголемат продажбата на годишни карти. 100% ќе им успее.
„Уругвајските корени ме научија никогаш да не се предавам, а холандската школа ме научи да размислувам“, вели Уругваецот кој сите соиграчи каде што играл го паметат по страшната спремност да „изгине“ на терен со што ги заразувал и другите да бидат борбени како војници.
Режисерот на мечот Венло - Ајакс на трибините на стадионот забележа комичен момент. Кога шпицот на Венло Самуелсен постигна гол, еден навивач ги тролаше другарите навивачи на Ајакс, но набрзо судијата го поништи со прегледување на ВАР и следуваше интересна реакција:
И во ера на смартфони, некој уште си држи до старите навики и не се откажува од телетекс. Во 34 кола само една екипа не мрдна од својата позиција уште од прво коло и по пауза од 17 години ја врати титулата во Ротердам. Добар гиф.
Чекаа, трпеа понижувања од најголемите ривали, беа пред финансиски колапс, губеа по 10-0 и имаа рекордна серија на порази но дочекаа. Дочекаа да ѝ се израдуваат на титулата што ја сонуваа од 1999. година.
Целата сезона лани Ајакс беше прв во Ередивизија, за во последното коло да влезе со исто бодови како ПСВ. На крајот ремизираа дома со Де Графшап а ПСВ го победи Цволе на гости и на неверојатен начин стана шампион. Сега Ајакс го брка Феенорд пред последното коло.