Навивачите на Ден Хаг пред три години фрлија еден куп плишани мечиња на стадион. Ако само гледаш и не знаеш за што се работи, може да бидеш тотална збунка. Но всушност се работи за акција која ја препозна дури и ФИФА и ја номинираше за награда за хоби.
Истото се случи и сезонава на натпреварот меѓу Феенорд и Ден Хаг. Домашните навивачи ги поканија децата од болницата во Ротердам да дојдат на стадион, а гостинските знаеа дека седат во секторот под нив.
Во еден момент се случи 12 минутен прекин. Ретко виден момент и убавина која кој знае колку емотивно ја доживеале тие што се на лице место, особено децата.
ADO Den Haag fans threw thousands of stuffed toys to patients of a children's hospital in Rotterdam during their game against Feyenoord ❤️ pic.twitter.com/9Zrs68ulOB
— B/R Football (@brfootball) September 15, 2019
Навивачите на Ден Хаг фрлија околу 4.000 мечиња, но целата поента не е само во тоа да им ги подарат. Тие направија акција во која беа собрани 30.000 мечиња кои ќе се продаваат под слоганот „Вдоми едно плишано мече за едно евро“.
Парите од нив ќе се донираат за детската клиника.
Натпреварот кој заврши со победа од 3:2 оди во втор план, бидејќи сите зборуваат за импресивната традиција на навивачите на Ден Хаг кои го покрија стадионот со мечиња.