Таг: ден хаг

Најубавиот 12 минутен прекин на фудбалски натпревар

Кога културолошки си понапред од другите, нема да мислиш како да внесеш сабја на стадион, туку ќе направиш изненадување со кое прво ќе помогнеш, второ ќе усреќиш и трето сите ќе те зборат за убаво.

Ако можат во Белгија, зошто не и кај нас

Минатиот викенд почетокот на мечот од белгиското првенство меѓу Шарлоа и Остенде се одложил за неколку минути зошто домашните навивачи фрлија илјадници детски играчки и плишани мечиња на терен, посветени за децата од слабо имуќни семејства пред Божиќ.

Голманче што ти бидна бе?

Рој Кортсмит брани за Спарта Ротердам, ама кога викамe брани, буквално брани. “Дај да пукне“ е малку за ова, треба сите играчи да го частат пиво.

Навивачите на Ден Хаг и плишаните мечиња

Големото дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ден Хаг го одбележа можеби потегот на сезоната на гостинските навивачи. Откако станало извесно дека дуелот ќе го гледаат деца со разни заболувања од ротердамската болница „Sophia“, навивачите на Ден Хаг дознале дека ќе седат во секторот над трибината каде што ќе бидат децата, па решиле да ги израдуваат.

Голманската петица од навивачки агол

Мартин Хансен од Ден Хаг е јунакот во воведното коло од холандското првенство откако во 95-та минута го реши мечот против ПСВ како да е врвен напаѓач. Лудата завршница успеа да ја сними навивач со телефон.

Голманот кој треба почесто да игра во напад

Мартин Хансен кој брани за Ден Хаг покажа колку е понекогаш важно голман да се најде во шеснаесетник. Тој го постигна најатрактивниот гол кој сме го виделе од играч кој игра на негова позиција и тоа во 95-та минута против актуелниот шампион ПСВ, во првото коло од новата сезона во Холандија.