Кога на Суарез му отекол зглобот, ги облекол поголемите копачки на Џерард и дал гол

„Уругвајските корени ме научија никогаш да не се предавам, а холандската школа ме научи да размислувам“, вели Уругваецот кој сите соиграчи каде што играл го паметат по страшната спремност да „изгине“ на терен со што ги заразувал и другите да бидат борбени како војници.

Змискиот инстинкт на Луис му го отворил патот кон Европа.

Во летото 2006 техничкиот директор на холандски Гронинген, Хенк Велдмате отишол во Уругвај да скаутира таленти. Примарна задача му била да го гледа Елиас Фигероа (денес е без клуб, а во Европа играше само во грчкиот Аполон), но Луис му западнал во око.

На мечот кој Велдмате го гледал, Суарез примил една долга, длабочинска топка, растурил двајца противнички бекови и постигнал страшен гол:

„Во првите 20 минути играше само тој, бараше топка, дриблаше, центрираше, покажуваше мајсторство. Се му поаѓаше од рака. Изгледаше како да има среќа, но брзо сфативме дека тоа не е среќа. Тоа е талент“, раскажал воодушевено Велдмате.

Откако потпишал со Гронинген, Суарез брзо се двоел од другите играчи по квалитет и брзо ја фрлил во сенка локалната легенда - Ерик Невланд.

„Луис беше многу индивидуален фудбалер. Мене тоа понекогаш ме нервираше. Имаше многу ситуации кога може да подаде а тој решава сè да направи и заврши сам. Постепено го научи нашиот стил а јас сфатив дека тој навистина може сè сам да направи. Со тек на време го поддржав, зборувавме многу и јас се прилагодив на неговите манири“, раскажал Невланд.

Самиот Уругваец, тогаш уште многу млад, сфатил дека може да биде подобар. И сменил некои аспекти на неговата игра: „Не ми се допаѓа како шутирам кон голот. Мора подобро да шутирам. Често пробувам да дадам гол со надворешна страна од стопалото а се испостави дека ударот ми е послаб така. Млад сум и можам многу да научам, особено од Невланд“, рекол Луис Суарез во интервју за Voetbal International во 2007.

****

По преминот во Ајакс, му смениле и позиција но и манирите на игра. Во Амстердам повеќе играше на левото крило, како левокрилен напаѓач кој често оди кон средината на нападот.

На крило морал подобро да владее со топката а стилот на Ајакс претпочитува посед на топка па затоа неговата индивидуална игра станала уште подобра. Суарез бил премногу добар за да го критикуваат кога ќе биде себичен. Од клубот не го опоменувале, туку му создавале идеални услови.

„Суарез играше на крило, но ние сфативме дека е подобар во самиот напад отколку на страна. Затоа на некои натпревари му дозволувавме да не се враќа во одбраната. Луис остануваше напред а екипата по освојување на топката прво го бараше него“, се сеќава Џон ван Схип кој работел со Суарез во стручниот штаб на Марко ван Бастен.

Во еден момент му давале преголема слобода па тој имал во просек од 13 до 16 неуспешни напади на важни натпревари што е многу. Но бил дрзок и имал слобода. Тој толку многу забегувал со упорните обиди што многу пати пробувал да даде гол од практично невозможни агли и ситуации:

Но секој промашен шут го надоместувал со одличен пресинг:

„Нашиот стил претпочита одбраната да почнува од напаѓачите. Мислам дека тоа го направи Суарез поуниверзален играч“, рекол помошникот тренер Схип.

Ова го потврдил и самиот Уругваец:

„Имав среќа да играм во таков клуб како Ајакс. Во Холандија научив многу повеќе од која било друга земја. Тоа е школата на фудбалот. Мислам дека станав подобар и технички и физички. Таму станав поамбициозен“, подоцна ќе признае Суарез.

На тактички план Суарез многу се сменил во Ливерпул и Барселона, но периодот поминат во Холандија му дал основа, база за развој.

„Ако моите уругвајски корени ме научија никогаш да не се предавам, холандското образование ме научи никогаш да не престанам да мислам“, пишува во автобиографијата на Луис Суарез кој постојано мисли како конкретно да ја подобри екипата и велат дека за тоа му нема рамен во современиот фудбал.

По доаѓањето во Ливерпул блексаше буквално на секој меч. Ќе се памети неговата асистенција до Дирк Кајт на дербито против Манчестер Јунајтед, како и хет-трикот против Норич крунисан со чудесија од гол.

За тоа колку е „бесен“ и колку сака да игра фудбал покажала една епизода во март 2013-та. Суарез се здобил со повреда и брзо зглобот му отекол цел. По зборовите на Рахим Стерлинг, зглобот му станал како фудбалска топка. Сите биле сигурни дека Луис нема да продолжи да игра, а тој во соблекувална ги облекол копачките на Стивен Џерард (поголем број), продолжил и мечот го завршил со хет-трик!

„„Тој беше прав борец. Никогаш не сум го видел во собата за опоравување. Се сеќавам на еден натпревар зглобот му беше отечен и не можеше да стои на нога, па зема од некој друг поголем број копачки и после даде неверојатен гол од слободен удар. Такви работи не се забораваат“, се сеќава Џордан Хендерсон.

Уругваецот знаел дека за да „ја сврти игрицата“ (лично и екипно) му треба да биде уште поефикасен.

СЕЗОНАТА 2013/2014 ВО ЛИВЕРПУЛ НАЈДОБРА ВО КАРИЕРАТА?

Со почетокот на оваа сезона Суарез влезе во страшна форма. Напредувал тактички и индивидуално а тренерот Брендан Роџерс создал услови во кои максимално го користел Луис. Од 181 шут кон противничкиот гол Суарез постигна 31 гол или ефикасна реализација од 17,1%.

Луис беше еден од идеалните примери за лажна 9-ка. Не е традиционален, класичен шпиц кој многу време поминува во шеснаесетникот. Тој движи на многу позиции. (со 12 асистенции, 12 заработени пенали и дури 22 создадени гол шанси). Ниту еден друг играч не создал повеќе од 13 такви шанси таа сезона иако на многумина тоа им е главна задача, а него не му е.

Доколку се споредат таа сезона 2013/2014 на Суарез и минатата 2017/2018 на Салах, ќе се види дека Египќанецот е во плус само за еден гол (32) а сите други параметри се на страна на Луис: 12 асистенции, 12 заработени пенали, 22 создадени шанси за гол, 5,2 шута во просек за 90 минути итн.

За жал од преголема желба многу пати знае да претера и тоа скапо го чинеше низ кариерата.

Поради отсуството на Ливерпул од Лига на шампиони и тоа што го гризна намерно Џорџо Кјелини на Светското 2014, Суарез пропушти многу натпревари и пропушти да ја добие наградата најдобар играч на светот за таа сезона.

Кога заминувал од „Енфилд“ Стивен Џерард му подарил негов дрес со натпис: „Најдобриот играч со кого сум играл“.