Градот Ротердам цели 18 години чека шампионска титула. Цели 18 години бело-црвените гледаа како Ајакс и ПСВ ја трчкаа шампионската трка.
Сезонава им дојде и нив редот. Феенорд од почетокот на календарската година до денес е прв на табела, имаше и по 9-10 бода предност, но сами се криви што ги оставија навивачите да се тресат до самиот крај.
Тимот воден од Џовани Ван Бронхорст (некогашниот лев бек на Арсенал и Барса) во неделата беше декласиран со 3:0 од Ексцелзиор во мечот кој важи за големо дерби во Холандија.
Со трите гола на Хазелбанк, Елберс и Кулвајк, Ексцелзиор им ја одложи прославата на титулата за една недела. Феенорд прими три гола за девет минути и го претрпе четвртиот пораз во сезоната.
Wat een teleurstelling... 😞#excfey #Feyenoord pic.twitter.com/nEDrqUL8gb
— Feyenoord Rotterdam (@Feyenoord) May 7, 2017
Сега Феенорд има само еден бод предност пред Ајакс кој со една нога е и во полуфинале на Лига Европа. „Копјаниците“ од Амстердам во последното коло ќе гостуваат кај Вилјем II во натпревар кој за домаќинот нема никакви резултатски значај. Не се ни горе, нит долу.
Heerlijk duo!
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 7, 2017
Rinus Michels Award ➡️ Davinson Sánchez!
Marco van Basten Award ➡️ Kasper Dolberg!#ajagae pic.twitter.com/w6fJaqlI6s
Од друга страна, Феенорд ќе го пречека незгoдниот Хераклес којшто ја игра последната надеж дека може да се докопа до плејофот за Лига Европа. Едно е сигурно - тимот од Ротердам ќе има уште една меч топка и ќе се обиде да го избегне она што му се случи лани на тимот кој сега им дише во врат.
Ајакс во сезоната 2015/2016 беше неприкосновен лидер до самиот финиш кога дозволи да ја изгуби титулата од ПСВ. „Копјаниците“ ремизираа дома со Де Графшап, а ПСВ Ајндховен освои три бода на гости против Цволеа и неочекуване стана шампион.
Феенорд има 79 бода од 33 меча, Ајакс има 78 бода од 33 меча. Клубот од Ротердам има подобра гол разлика +5. Во Холандија Ајакс е најтрофеен со 33 титули, ПСВ има 23, а Феенорд има 14 од кои последната „слави 18-ти“ роденден. Ја освоија со Лео Бенхакер во 1999-та.