Круша под круша паѓа. Синот на некогашниот прославен светски напаѓач кој играше во Ајакс, Барселона, Милан, Њукасл, Валенсија и ПСВ Ајндховен во моментов важи за најталентиран фудбалер во најпознатата фудбалска школа на светот.
Патрик, кој во моментов е спортски директор на Париз Сен Жермен на времето дебитирал на 18 години и 58 дена, а неговиот син дебитираше во најсилната холандска лига на 17 години и 318 дена.
Џастин е роден на 5. мај 1999 година а првпат заиграл фудбал во локалниот клуб од Амстердам СВ Диемен. Од таму преминува во младинците на Ајакс а веќе од крајот на 2016-та тренира со првиот тим.м Досега настапувал за репрезентацијата на Холандија до 15 години, до 16, до 17 и до 18 години а ништо чудно наскоро да ја прескокне У-21 и да игра за сениорите.
Во неделата против Ексцелзиор Џастин одигра 32 минути, доволно да го постигне единствениот гол за Ајакс кој освои само еден бод и сега заостанува цели 6 бода зад Феенорд кој го совлада Херенвен (1-2). Џастин Клајверт веќе има 11 настапи сезонава за „Копјаниците“.
Џастин Клајверт дебитираше за првиот тим на Ајакс на 15. јануари во триумфот против ПЕЦ ЦВоле (1-3) кога во 38’ минута го замени Амин Јунес, а се најде на клупата и на неколку натпревари од Лига Европа.
Уверете се зошто Холандија многу очекува од него: