Човекот е просто цар. Можеше да бира со прст во кој светски тим сака да игра. На крај се реши за бразилскиот гигант и еден од најтрофејните светски клубови Сао Пауло. Таму му дадоа 10-ка и го пречека како крал. А тој им врати со победнички гол на дебито против Сеара.
На 17 февруари 2013-та година пред скоро точно 5 години, Луис Суарез му намести дебитантски гол на Кутињо за Ливерпул. Вчера Уругваецот пак му асистираше на Бразилецот, овој пат на Местаља во друг дрес. Кутињо само што влезе во игра даде гол.
Страшниот талент на Реал Мадрид стана рекордер откако даваше голови на дебијата во: УЕФА Супер Куп, Ла Лига, Лига на шампиони, Европското У-21, Копа дел Реј и шпанскиот Супер Куп.
Легендарниот Бразилец кој денес полни 37 години дебитантскиот гол за Барселона го постигна на 3. септември 2003-та година против Севиља. Ја зема топката од својата половина, направи слалом меѓу противниците и со бомба од преку 30 метри постигна маестрален гол. Од тој момент не престана да блеска во тимот од Камп Ноу.
На мечот против Ексцелзиор Ротердам во неделата, син му на Патрик Клајверт го постигна првиот гол во професионалниот фудбал, а со одличната форма најавува дека наскоро би можел да ја рипне Холандија У21 и да отиде право кај сениорите.
Најскапиот фудбалер во историјата на италијанската лига, Гонзало Игуаин ги демантираше сите кои го критикуваа дека се „направил свиња“ летово и со гол му донесе победа на Јувентус на отворањето на Серија А против Фиорентина 2:1.
Некогашниот светски број еден, Бразилецот Роналдињо вели дека се радува секогаш кога ќе се сети на моментот кога му асистирал на Меси за првиот гол на Аргентинецот во дресот на Барселона.