Од 400 гола во Ла Лига, Меси откри кој му е најубав

31-годишниот Лионел против Еибар го постигна јубилејниот 400. гол на 435 меча во Ла Лига. Во разговор за Mundo Deportivo откри кој му е најдраг.

„Првиот мој гол за Барелона, против Албасете, на асистенција на Рони (Роналдињо) никогаш нема да го заборавам. Головите во „ел Класико“ секогаш се посебно а и оние против тешки противници како Атлетико Мадрид, Валенсија и Севиља. Исто и сите оние кои сум ги дал пред нашите навивачи. На “Камп Ноу“ секогаш се убави. На крајот, најважните голови не се најспектакуларните, туку оние кои носат победа“, рекол Меси.

 

17 јануари 2019 - 14:13