Кога почнаа проблемите?
Во сезоната 2002/2003, Твенте преживуваше сличен период. Компанијата која управуваше со клубот прогласи банкрот и Твенте крпеше крај со крај. Спасот дојде во бизнисменот Јохан Мунстерман, кој како претседател на советот на директори на медиумската компанија Вегер со обрт од над 500 милиони евра годишно делуваше идеално решение. Сиромашниот клуб година дена подоцна стигна до финалето на Купот и заврши меѓу првите четири на табелата.
Со избрканиот од Англија Стив Мекларен, кој не изгледаше како најдобра опција, Твенте за првпат во 35 години дојде во топ 2, а потоа стана шампион. Овој успех клупската историја не го видела.
Четири пати играа за пласман во ЛШ, но само еднаш влегоа во групната фаза. Мунстерман сакаше да го пробие овој ѕид и почна сериозно да го засилува составот. 8 милиони евра за една година, па 9 милиони па 13 милиони за трансфери. Сепак тоа ги одведе до спротивен ефект. Резултатите беа сè послаби, а наместо да ги смали трошоците, газдата продолжи да се расфлра и во сезоната 2012/2013 потроши рекордни 17 милиони евра.
Од продажба на играчи Твенте заработи малку, па со платите на играчите и реновирањето на стадионот долгот нарасна на 33 милиони евра.
Во април 2014, доверителите ги бараа парите назад, а клубот падна во стечај. Во тој момент интервенираше холандската фудбалска федерација, Твенте ги продаде лидерите Тадиќ и Промес, но вкупниот приход од 25 милиони евра не заврши многу работа.
Како тимот изврши самоубиство?
Кога фудбалската федерација сфати дека ситуацијата во Твенте е критична, раководните лица на сојузот почнаа да се однесуваат одлучно. Му забранија на Твенте да купува во зимскиот преоден рок 2015-та, така што клубот беше приморан да продаде играчи во вредност од 20 милиони евра, казнети беа со три бода и се бараше оставка од претседателот Мунстерман. Истиот беше обвинет за финансиски малверзации, а тимот повторно беше казнет со три бода.
Во текот на минатото лето, Твенте ги загуби најголемите спонзори, се раздели со 15 играчи, а привремено згасна и младинскиот тим. Кога работите полека почнаа да мрднуваат од мртва точка, стигнаа нови санкции за Твенте: УЕФА им забрани три годишно искуство во клупските натпреварувања, новиот претседател даде оставка, а клубот се соочи и со парична казна од 45.000 евра. Нов рок за решавање на проблемите беше декември минатата година, кога локалната општина и градот ветија помош од 32 милиони евра, што е огромна сума и за холандски услови.
Можно е работите да тргнат кон подобро, затоа што 25.000 гледачи редовно го гледаат Твенте на домашен терен и се решени да го спасат клубот од црно сценарио.