Како се славеа шампионски титули низ Европа

Некој по којзнае кој пат, некој првпат, некој вторпат. На Стариот континент се прославија многу шампионски пехари а прваците ги чека нова европска сезона после летните одмори.

Шампионска галерија на прваците во лигите од врвот на УЕФА според коефицентите.

БАРСЕЛОНА
Каталонците речиси уште во јануари годинава станаа шампиони

МАНЧЕСТЕР СИТИ
Можеби најтешката шампионска трка во историјата на Премиер лигата

ЈУВЕНТУС
„Старата дама“ доминира во Италија и се спрема да ја освои Европа следната сезона

БАЕРН МИНХЕН
Баварците се нервираа и гризеа нокти до последното коло но се заврши како и обично. Баерн седми пат по ред ја освои титулата во Бундеслига

ПСЖ
Парижаните одново се шампиони но клубот веројатно го чека не баш лесна иднина. Новото разочарување во Лига на шампиони некако ги спушти на земја оние кои даваат пари, па ништо чудно да спуштат гас малку.

ЗЕНИТ
После Топ-5 лигите, на листата на УЕФА според коефиценти е руската. А таму издоминира Зенит кој ја врати титулата во Санкт Петербург.

БЕНФИКА
Клубот од „Луж“ ја освои петтата титула во последните шест години и полека воспоставува хегемонија над ривалите.

ГЕНК
Белгискиот клуб ја освои четвртата титула во својата историја, а Андерлехт заврши дури шести во лигата и првпат после цели 55 години не се пласираше во еврокуповите.

ШАХТЈОР
Клубот од Доњецк по 12-ти пат стана шампион на Украина и е најтрофејниот клуб на оваа земја по распадот на СССР.

ГАЛАТАСАРАЈ
Најнеизвесно беше во Турција каде директен судир за титулата имаа Галатасарај и Башакшехир. На крајот домаќините во ужасно тензичен меч победија 2-1 и ја освоија 22. титула во историјата (нивниот тренер Фатих Терим прослави 8-ма шампионска титула во кариерата). Најголемиот ривал на Галатасарај, Фенербахче сезонава заврши дури 11-ти на табелата.

АЈАКС
„Копјаниците“ до крајот се бркаа со ПСВ Ајндховен и на крај со 3 бода предност го претркаа ривалот за шампионската титула. Ајакс освои двојна круна откако славеше и во Купот.

САЦЛБУРГ
Шампион на Австрија и освојувач на Купот на оваа земја. Тренерот на неприкосновениот Салцбург, Марк Розе од следната сезона ќе седне на клупата на Борусија Менхенгладбах.

ЧЕШКА
Втора титула за три години освои Славија Прага која откако има нови богати сопственици, секоја сезона има подобар состав.

ПАОК
Клубот од Солун после цели 34 години стана шампион на Грција, а навивачите на овој клуб ја прославија двојната круна откако екипата го победи лутиот ривал АЕК во Атина во финалето на Купот. ПАОК стана првиот клуб после 55 години во Грција кој без пораз ја освоил титулата.

ДИНАМО ЗАГРЕБ
Апсолутна власт во Хрватска има Динамо кој од 2005-та година до сезонава само еднаш не ја освоил шампионската титула.

КОПЕНХАГЕН
Првенството во Данска уште се игра, но освојувачот веќе одамна е познат. Копенхаген е шампион.

ЈАНГ БОЈС
Втора година по ред шампион на Швајцарија е Јанг Бојс.

АПОЕЛ
На Кипар седма титула по ред слави АПОЕЛ од Никозија.

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
Белградскиот клуб сезонава за трофејот не се бореше вообичаено со Партизан, туку неочекувано конкурент му стана Раднички Ниш. На крајот Звезда ја освои титулата и ја прослави на стадионот „Рајко Митиќ“.

СЕЛТИК
Од 2011 година во Шкотска шампион е само Селтик и никој друг. Ренџерс сезонава заврши второпласиран.

ПЈАСТ
Клубот Пјаст од градот Гливице првпат во историјата стана шампион на Полска. Тие играат на стадион кој собира 10.000 гледачи и ќе настапат директно во групната фаза од Лига на шампиони.

КАРАБАХ
Седма титула во клупската историја слави Карабах во Азербејџан. Титулата ја осигураа уште на почетокот на мај.

ЧФР КЛУЖ
Втора сезона по ред титула за ЧФР Клуж во Романија. Стеауа заврши втора со 5 бода заостанување зад лидерот.

МАРИБОР
„Виолетовите“ ја освоија 15-та титула и одново се најдобра екипа во Словенија.

МАКАБИ
Овде може да има мала забуна зошто 4 од 14 клуба во првенството на Израел се викаат Макаби. Но сезонава шампионската титула ја освои Макаби Тел Авив со дури 22 бода разлика пред вториот.

СЛОВАН
Во Словачка Слован Братислава исто им избега многу на конкурентите. Титулата ја прославија со дури 14 бода пред Жилина која што ја згазија со 6:2 на крајот од сезоната.