Петта лига на Србија, дуел меѓу ФК Долина од Падина и Спартак Дебељача (би ги частеле гајба пиво за имево). Домаќините победиле 4:1, а Марко Јованов го постигнал најубавиот гол на мечот. Сув лист каков што не се наоѓа често ни во Топ5 лигите во Европа.
Некогашниот македонски репрезентативец Душан Савиќ кој играше за неколку овдешни клубови, сега настапува за ФК Дубочица од Лесковац. На мечот против Раднички Пирот во втората српска лига Савиќ постигнал хет-трик а еден од головите му бил поклон од гостинскиот голман Растко Шуљагиќ.
Легендарниот Дејан Станковиќ го имаше своето тренерско деби и ќе го памети по победата на неговата Црвена звезда над Чукарички од 0:2. Шампионот на Србија со брзи два гола го реши мечот, а вториот погодок, дело на младиот Његош Петровиќ беше проектил.
Некој по којзнае кој пат, некој првпат, некој вторпат. На Стариот континент се прославија многу шампионски пехари а прваците ги чека нова европска сезона после летните одмори.
Фудбалерот на Вождовац од Белград, Иван Марковиќ синоќа го постигна најубавиот гол на колото во српската лига, а неколку километри подалеку од него право ремек дело направи и Бразилецот Леонардо од Партизан на дербито со Црвена звезда.