Политехника Јаши синоќа дома го пречека лидерот во романската лига и учесник во Лига Европа, Клуж. Итрите домаќини решиле да им дадат дресови од Селтик на сите деца задолжени за фаќање на топките крај теренот, со цел да ги нервираат играчите на Клуж кои неодамна изгубија од шкотскиот шампион во групна фаза од Лига Европа (иако чудесно го елиминираа Селтик во квалификациите за ЛШ летово, па пак се најдоа во ЛЕ).