Не е дека во Романија нема супер квалитетни млади таленти, не дека во романскиот фудбал нема интересни странци кои го креваат квалитетот на повисоко ниво, ама пак нешто кај нив не е во ред. Денес на мечот од втора романска лига меѓу Петролул Плоешти и Универзитатеа Крајова се свирна најсмешниот пенал сезонава таму.
Во 83' минута домашниот играч Валентин Балинт падна како да го пукале со митралез и одглуми пенал. За среќа, некогашниот фудбалер на Вотфорд, Белек го промаши: