Таг: универзитатеа крајова

Две голчишта од Конференциска лига

Од чаршавот натпревари во европските купови, ќе издвоиме два убави гола. Едниот е на Стивен Нсимба од Универзитатеа Крајова на мечот против Спарта Прага. Другиот на Украинецот Микола Михајленко од Динамо Киев на гостувањето против Фиорентина.

Дали озбилно му даде црвен на спикерот?

Мечот меѓу Универзитатеа Крајова и Истанбул Башакшехир од Конференциската лига во четвртокот, ни носи ново поглавје во фудбалот. Спикерот на романскиот тим, кој славеше 3:1, доби црвен. Немаме видено вакво нешто до сега. Вие?

Има пенал во фудбал и пенал во романски фудбал

Не е дека во Романија нема супер квалитетни млади таленти, не дека во романскиот фудбал нема интересни странци кои го креваат квалитетот на повисоко ниво, ама пак нешто кај нив не е во ред. Денес на мечот од втора романска лига меѓу Петролул Плоешти и Универзитатеа Крајова се свирна најсмешниот пенал сезонава таму.