Клубот кој му го украде логото на Јуве продаде само 2 карти

Нашата рубрика во која сместуваме Офсајд ликови, дефинитивно треба да ја прошириме со екипи. Прва која би ја сместиле во тоа неславно друштво собрано да трпи тролови е Јувентус Букурешт.

Изминавиот викенд се одигра последното коло во романската прва лига во која Клуж славеше на гостувањето против Јувентус Букурешт со 0:2 и со тоа ја завери шампионската титула со 4 бода предност пред ФЦСБ.
 
Токму ова е мечот кој го одбележа колото во Романија, но не поради титулата на Клуж, туку поради една бедна статистика поврзана со овој натпревар.
 
Домаќините за овој натпревар успеале да продадат дури 2 карти. Да, две и со овој натпревар тие се збогуваа со прволигашкиот фудбал.
 
Јувентус Букурешт е бетер од Беневенто во Серија А. Сезоната во првата романска лига ја завршуваат со 17 порази, 8 нерешени и само една победа. Нивната гол разлика е 12:47.
 
Извештајот вели дека мечот го следеле 40 души, одлична утеха дека имало бетер прволигашки фудбал и од нашиот.

Јувентус Букурешт ќе мора да го смени и името и грбот, бидејќи Старата Дама неодамна им се закани со тужба.

 

На социјалните мрежи го мајтапеа Јувентус Букурешт дека ја користи оваа спортска опрема.

Инаку ова им е стадионот 

Што објавивме вчера за едни романски навивачи

27 февруари 2018 - 10:01