Трска за риби на конференција на селекторот
На крајот од август репрезентацијата на Романија се спремала за меч од квалификациите за Светско 2018 против Ерменија. Една обична прес-конференција се претворила во нервен слом за селекторот на Романија - Германецот Криштоф Даум (го водеше и Реал Мадрид).
На прес-конференцијата новинар од весникот Sporturilor се појавил со трска за ловење риба која што сакал да му ја подари на селекторот Даум. За такво нешто се решил поради една фраза на Германецот: „Хартијата од весниците служи само за во неа да завиткате риба“.
Селекторот Даум барал од новинарот да ја скрати комедијата и на крајот се извинил за кажаното за што рекол дека не мислел на неговото издание.
Тренер ги обвинил играчите дека местат натпревари
Многу романски тренери дипломатски им се обраќаат на медиумите со веќе слушнати фрази, но после мечот од Втората лига меѓу Пандуриј и Дачија, тренерот на гостите Алин Панзару ги обвинил своите фудбалери кои воделе 3:0 во 70’ минута а на крајот ја изгубиле предноста за само шест минути дека местат: „Ние сме најглупава екипа во лгата! Можеби моите играчи го гледале мечот Севиља - Ливерпул (тамо исто беше 3:3 после 0:3)“.
Но неговите маки со фудбалерите на Дачија не завршиле тука и Панзар одново се нервирал. После домашниот дебакл 1:4 од конкурентот Штинци, неговата екипа паднала на 18. место од 20 екипи. Тренерот бил убедел дека местат натпревари:
„Неколку мои играчи договораат резултат и тоа го прават постојано. Душмани! Ама ние сами го заслужуваме тоа штом сме ги примиле во клубот“, рекол Панзар.
Тепачка на жена и љубовничка на стадион
Најголем скандал се случил во тоалетот на стадионот на клубот од Букурешт за време на мечот од Лига Европа меѓу Стеауа и израелскиот Хапоел Бер Шева.
Таму се степале жената и љубовничката на 23-годишниот играч од средниот ред на Стеауа Овидиј Попеску. „Победата“ и припаднала на жена му: таа ја нокаутирала љубовничката а после тоа и двете девојки ги однеле во болница. Повредената љубовничка дала исказ во полиција и им се пожалила на новинарите: „Јас имав роман со Овидиј, па жена му се нафрли на мене. Јас и ги искршив ноктите, а таа мене ми ги раскрвари усните и тешко ми ја повреди главата. Се јавив во полиција зошто тоа е ненормално. Не е во ред од морална гледна точка“, се правела невина љубовничката.
Таа додала и дека тепачката не била рамноправна зошто жена му на Попеску имала помош од сопругата на еден друг фудбалер на Стеауа - Михај Пинтилија.
Претседателот на клубот, политичарот и најконтроверзниот човек во европскиот фудбал Џиџи Бекали ја обвинил љубовничката дека таа спиела со дваесетина негови играчи и дека сега клевети.
Тепачка во соблекувална поради лошо изведен пенал Паненка
Друга тепачка избила во соблекувалната на Јувентус Букурешт, клубот од кој неодамна италијански Јувентус побарал да го смени грбот кој бил буквално ист како нивниот.
Во август романскиот Јувентус Букурешт ја пречекал Стеауа. Дале гол уште во 15-та секунда, но потоа примиле два гола и на крајот можеле да го избегнат поразот дури во 96’ минута. Судијата свирнал пенал и топката ја земал стоперот Георге Калинтару. Тој сакал да се прави Тоти, пробал Паненка но се посрамотил па неколку соиграчи му се пуштиле да го тепаат:
После мечот, изданието Sporturilor објавило дека во соблекувлната Калинтару бил претепан после што завршил на хоспитализација. Клубот на крајот нит потврдил нит демантирал: „Одбранбениот играч од досада така силно удрил со глава од маса со што ја повредил раката“.
После пар дена Калинтару дал мини-интервју во кое кажал нешто чудно: „Не гледам фудбал. Еднаш пуштив меч на Барселона, се восхитував на нивната моќ и исклучив. Ми се чинеше дека сакаат да прекинам да играм“.
Пари се нема - клубот се продава на Фејсбук
Тимот Тигру Муреш пред само две години можеше да стане шампион на Романија, но во последното коло ја изгуби титулата од Стеауа. Клубот пред неколку месеци објави банкрот, продолжи да игра во втора лига и пробува да се спаси.
Во септември навивачите на Тигру Муреш решиле да направат нешто и на сите профили на социјалните мрежи на клубот објавиле дека играчите неколку месеци не примиле плата и дека ќе продолжат со работа дури по исплаќање на долговите.
Пари не дошле од никаде и во ноември напишале дека ги продаваат акаунтите на Twitter, Facebook, Instagram и YouTube. Помина ноември а обнова на страниците уште нема. Ако оваа тажна сторија ве погоди, може да предложите помош за Таргу Муреш на: office@asatirgumures.ro.
Коментатор што пренесува од кола
Купот на Романија е поромантичен отколку првенството. Еден новинар на пример го коментирал мечот меѓу Униреја Слобозиа и Политехника од сопствениот автомобил. Цел ден во Слобозиа врнел дожд а на стадионот немало ниту соодветна заштита ниту покрив па репортерот за да не ја намокри опремата морал да ја стави во возилото.
Football broadcasting at its best. Because of the weather & stadium conditions, the commentator for the game between Slobozia and Iasi had to do his job FROM HIS CAR. Epic stuff. Epic Romania. Source for Video: Telekom Sport pic.twitter.com/3nxoaMNeEN
— Emanuel Roşu (@Emishor) November 29, 2017
Дента домаќините изгубиле 0:2, а на 6-илјадниот стадион дошле околу 400 луѓе.
Украдениот амблем од Јуве
Во декември, Јувентус Букурешт имаше проблеми поради тоа што славниот Јуве после цели 20 години забележал дека грбот на романските колеги е идентичен како нивниот легендарен кој го држеа до летото 2017-та па потоа го редизајнираа. Романскиот клуб прифатил и од следната сезона ќе игра под името Колентина.
Редари читаат книги, убави пејзажи
Навивачите на Клуж во центарот на градот пејат песни во придружба на симфониски оркестар: