Таг: коментатор

Индиски коментатор кој со описот оди до крај

Коментира на англиски со индиски акцент, на крај за „wow“ вели вау, а за незгодно повредениот играч оди со следниов коментар: Не само што сам се жртвуваше во акцијата, туку си ги жртвуваше и идните генерации. Замислете Светско да му дадеа да коментира?

Најнежниот коментатор на сите времиња

Има работа и за овој ај ти. Може карлинг да коментира, скокови во вода и ритмичка гимнастика, а исто и веслање и едрење. Слушнете го како гали со гласот.

Коментатор на ЕСПН се опушти во пренос во живо

Човекот е 100% прав иако тоа не го изведе на префинет начин. За време на пријателската пред Евро2020 меѓу Франција и Велс, а која домаќините ја добија со 3:0 (Мбапе, Гризман, Дембеле), ѕвездата на ПСЖ во еден момент проба да изглуми пенал. Еве што имаше да му каже коментаторот од ЕСПН.

Коментатор на месецот

Ја паркирал колата во близина на стадионот на кој се играл крикет за да го коментира мечот, па се чудеше кога му го оштетија кровот по еден удар.

Коментаториште!

Купот на Јужна Америка за играчи до 20 години се игра во Чиле. На мечот меѓу Венецуела и Бразил (2-0), при водство на првиве од 1-0, 18-годишниот Хан Хуртадо тргнал во брза контра по една украдена топка. Коментаторот на аргентинската телевизија TyC Sports имитираше звуци од формула.

Меси или Марадона? Шукер или Шурјак?

Нашиот легендарен Таско (Атанас Костовски) ако памтите во преносите на Хрватска на Светското 1998 го мешаше Давор Шукер со Ивица Шурјак, репрезентативец на Југославија (1973–1982). Сличен превид му се случи и на еден полски коментатор на Мундијалот во Русија со Меси и Марадона.

Најбезумната лига во Европа се игра во Романија

Ако мислите дека најневозможните и смешни сцени се концентрирани само во мак-фудбалот, тоа значи дека едноставно не сте слушнале ништо за романскиот. Толку многу апсурди на едно место.

Коментаторска утка со паузата за вода и Рибери

Попладнево пријателска средба играа Баерн Минхен и Челси (3-2) на која што коментаторот направи смешен лапсус. Во 74 минута од мечот Франк Рибери тргна кон аут линијата да се напие вода за време на судискиот тајм-аут а спикерот прочита што пишува на екранот и мислеше дека во игра влегува Дринк Вотер.

Како запеа коментаторот на Спортклуб среде пренос

На три минути до крајот од големото финале на Евролига, Фенербахче имаше 18 поени предност што го натера хрватскиот коментатор на Спортклуб да го запее хитот на Џо Марачиќ - „Довидување и не плачи“.

Италијанскиот Златко Калински

Коментатор кој не се “пали“ на гол не е добар коментарот нели? Ние вчера го испративме во пензија Калински кој кога паѓа гол сигурно го слушаш и да си во другата соба. Италијанците го имаат Сандро Пичинини кој урла и ја има онаа потребна емоција со која ја опишува важноста на голот.

Последниот пренос во кариерата на Златко Калински

Бардот на македонското спортско новинарство, Златко Калински на вечерашниот дуел меѓу Атлетико Мадрид и Реал, за последен пат беше во коментаторското столче затоа што после 42 години професионална кариера, заминува во пензија. Му посакуваме мирно и ведро пловење во пензионерските денови. Заслужи!

Коментатор на денот

Кошаркарите на Црвена Звезда синоќа го декласираа Задар во АБА лига со 113:65, а кога поминаа првите 7 минути од мечот хрватскиот коментатор даде предлог што е најдобро да се направи кога се губи 16 поени разлика по толку кусо време.

Пристрасен коментатор почна да пее во живо

Атлетико Мадрид им собра 3 бода на ПСВ на гости во Лига на шампиони, а поддршка имаше и од холандскиот коментатор кој славеше кога Јан Облак одбрани пенал. Потоа фудбалерите на ПСВ не му дадоа изјава.

Страшната акција на Диего и најлудиот коментатор ’94-та

На една од најубавите средби од Мундијалот 1994 година во САД, Аргентина со 4-0 ја збриша Грција. Три парчиња им спакува Габриел Батистута а голот на Марадона во 60-та минута го збудале и коментаторот и самиот Диего кој подоцна го суспендираа поради тоа што паднал на ефедрин.

Голот на Едер со португалски коментатор

Дечкото што го реши финалето и не го знаевме баш бидејќи во CV му стојат екипи како Брага, Свонси и Лил, но тоа не е причина да не збеснат португалските коментатори во хор за неговиот историски гол кој ќе го верглаат со години.

Коментаторот на Арена Спорт со краток фитиљ

Коментаторот на спортскиот канал Арена Спорт Ненад Миловановиќ, кој ги читаше резултатите од комплетното коло во италијанското првенство, во еден момент се изнервира што не го изговори правилно Кјево Верона. И бидна што бидна во живо.

Сторија за Исланѓанецот Гудмундур Бенедиктсон

Гудмундур е поранешен исландски репрезентативец. Син му игра за ПСВ Ајндховен, а прадедо му бил првиот професионален фудбалер од Исланд, играл за Милан и Арсенал и бил министер за финансии.

Крајот на Хрватска - Турција со српски коментатор

Во кусиов клип треба да чуете два заклучока nа коментаторот за време на радувањето на Хрватите. Што направија на мечот и од кого “изгубија“.

Босански коментатор зборува англиски со Нистелрој

„Руд, тенк ју фор апсеншн гравитејши - рај, мај ом виен ти", му кажа коментаторот на ОБН од БиХ, Сабахудин Саша Вугдалиќ на Руд Ван Нистелрој еден од најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите.

Коментаторско лудило по головите на Тоти

Евергрин капитенот на Рома синоќа влезе во 86-та минута кога Рома губеше од Торино 1-2. После првиот контакт со топката израмни на 2-2, а потоа со победнички гол од среќа ги расплака навивачите и го поулаве коментаторот.

Со добар коментатор сè може да биде интересно

Само Златко Калински од нашиве може да направи драма од оваа трка која воопшто не е исто ако ја гледате со mute.

Ми недостига коментирањето и дражта на италијанското

Без разлика на возраст, нација, религија и навивачка припадност, сите вљубеници во италијанскиот фудбал долги години се возевме во возилото кое во сабота и недела го предводеше човекот кој сосема случајно доспеал во коментаторската позиција.

Милан - Интер со коментар на Крудели

Во праволиниското спортско коментирање на поднебјево, се прашуваме како би било доколку има некој позитивец како Тициано Крудели кој целиот живот навива за Милан и ги коментира натпреварите на овој клуб за италијанскиот Скај Спорт. Урла против Карпи и Киево, па може да замислите како се однесува против Интер.