Таг: коментатор

Најлудиот коментатор на сите времиња

Овие нетипични крици за коментатор кои до сега не сте ги слушнале на пренос, не одат на тв, туку на интернет портал. Затоа на дечково му е дозволено толку многу да одлепува. Натпреварите кои ги коментира се од хрватските пониски лиги.

Коментатор на БиБиСи работниот ден го завршил како судија

26 годишниот Мет Месиано го оставил коментаторското столче за да спаси меч во Англија.

Лудогорец го полуде коментаторот

Историскиот успех на тимот од Разград одекна во фудбалска Европа, но уште подалеку се слушаше Алексеј Сокачев, човекот што вршеше пренос од дуелот меѓу Лудогорец и Стеауа во Софија. Ова е втор пат еден бугарски тим да игра во Лигата на шампионите.

Небезбедна коментаторска позиција

Бејзбол топчињата обично завршуваат кај Зак, но ова фати друг правец каде за малку ќе имаше и повредени. Најјака е реакцијата на третиот чичко во кабината на 0:22.

Како ќе реагира коментаторов ако го елиминираат Интер?

Фудбалерите на Стјарнан од Исланд имаат само теоретски шанси за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи на првиот плеј-оф меч на домашен терен против Интер, загубија со 3:0. 

И ние сме имале коментаторишта

Пред некое време пројавивме желба да слушнеме малку „поживи" коментатори во македонскиот етер и желбата ни се исполни. Како што пишува и во коментарот на Јутјуб од снимката на кочанската ТВК од финалето на Купот на Македонија за жени помеѓу Иднина С од Оризари и Единство од Скопје, „коментатори имаме, фудбал сме тапа".

А ко сам онда ја?

Додека ние бевме зафатени наоѓајќи им јазични и стилски маани на нашите коментатори, во соседството се случувале епски изливи на креативност.