Коментатор на БиБиСи работниот ден го завршил како судија

26 годишниот Мет Месиано го оставил коментаторското столче за да спаси меч во Англија.

Младиот репортер кој работи за радио изданието на БиБиСи го коментирал мечот меѓу Хемел Хемпстад Таун и Бет Сити кој е дел од аматерска седма англиска лига, а по само 10 минути игра бил единственото решение за да го замени повредениот линиски судија.

„Во 10 минута линискиот судија се пожали на болки во мускулот и не можеше да продолжи. Главниот арбитар веднаш побара помош од неутрално службено лице на мечот и според тој опис единствен кој можеше да ја врши таа должност бев јас. Имаше и 10 минута пауза да се преоблечам како судија, но и публика од околу 700-800 луѓе, така што бев малку нервозен“

Месиано во една ситуација се обидел да свирне и фаул во корист на домашната екипа, но проценката му била погрешна.

„Веќе извесно време ги покривам натпреварите на Хемел, така што многу луѓе ме познаа дека сум јас покрај аут линијата. Во еден момент од првото полувреме го подигнав знаменцето за да досудам слободен удар за нив, но главниот судија реши дека играта треба да продолжи, а потоа гостите дадоа гол“, раскажал репортерот за својата матична новинарска куќа БиБиСи.

Тренерот на домаќините бил задоволен од неговото судење и покрај тоа што не донел среќа и конечниот резултат завршил 3:0 во корист на гостите.

9 март 2015 - 17:54