Најлудиот коментантор на ЕП

Сторија за Исланѓанецот Гудмундур Бенедиктсон

Гудмундур е поранешен исландски репрезентативец. Син му игра за ПСВ Ајндховен, а прадедо му бил првиот професионален фудбалер од Исланд, играл за Милан и Арсенал и бил министер за финансии.

На Гудмундур Бенедиктсон, поранешниот напаѓач на Исланд не му било воопшто лесно покрај микрофонот на решавачкиот меч против Австријците. И воопшто од почетокот на првенството.
 
Готово целата играчка кариера, Бенедиктсон ја минал во татковината и освојувал титули со Рејкјавик и Валур. Во ’90-те години два пати се обидел да „побегне“ во странство, но и двата обиди му биле залудни: За четири години во скромните белгиски клубови одиграл вкупно 20 натпревари и постигнал четири гола.
 
Гудмундур не бил ништо покорисен ниту во репрезентацијата, иако се започнало многу весело со неговиот гол на мечот против ОАЕ во 1994. година. Бенедиктсон не играл многу за Исланд ниту во квалификациите за СП 1994 во САД кога Исланѓаните биле 37. на ранг листа и во конкуренција на Грција, Русија, Унгарија, Луксембург и Југославија (суспендирана од ФИФА поради санкциите на ОН) го освоија третото место со 8 бодови.
 
Последниот меч за Исланд го играл во 2001. година (вкупно 10 натпревари и 2 гола), а кариерата ја завршил во 2009. одина. Од тогаш започнал со тренерска работа и коментирање на натпревари - тука многу корисни совет му дал тамошниот легендарен коментатор Гуми Бен кој го препорачал Бенедиктсон.
 
Долго време добро ја комбинирал работата во клубовите и на телевизија, но со микрофонот му одело поуспешно. Во трофејниот Рејкјавик каде бил само помошник тренер завршил 8-ми во првенството, а на телевизија станал права ѕвезда.
 
На ЕП тој сам ги пренесува дуелите на Исланд.

Смешно и неверојатно е што веднаш после уметничкиот перформанс против Австрија, Бенедикстон морал итно да се врати дома за да го коментира дуелот од првенството меѓу неговиот Рејкјавик и Акранес. Во Франција се враќа за 1/8 финалето каде Исланд ќе игра против Англија.
„Телефонот просто не престана да ми ѕвони. Тоа е единствена работа која се промени во мојот живот после репортажата. Дадов интервју за БиБиСи и други европски канали. Но искрено не сум спремен да одговорам на секој повик. Сакам само да се вратам дома и да легнам“, изјавил Гудмундур вчера за исландското радио.
Кога го прашале дали може да ги опише чувствата после вториот гол на Исланд, тој не можел да избере зборови.
„Просто изгубив глава. Организмот ми беше во застој. Тоа беше еден од оние моменти кога немаш самоконтрола. Тоест не можев да ги слушам мислите. Тоа беше мојот глас, но не сфатив што зборувам. Беше лудо. Го сонував овој момент од детството и за време на кариерата. Исланд никогаш не бил ниту близу до Европско или Светско првенство. Сега се остварува сонот и го доживувам како коменатор“, додава Гудмундур.
Веројатно многумина се прашуваа што викал Гудмундур, кој го преведе огнениот монолог:
„Има многу слободен простор! Теодор Елмар (Бјарнасон) е на тој дел од теренот! Ја прими топката, шутира и гол! Гол! Да.... Да... Да.... Да... Jarghaah! Победивме! Победа! Одиме во осминафинале! Ја победивме Австрија!
Го изгубив гласот но што има врска? Одиме понатаму! Арнор Траустасон даде гол, Исланд - Австрија 2:1. Кога го слушнав последниот судиски знак никогаш не се чуствував така добро!
На Гудмундур не му е првпат вака да вика. На сличен начин го коментираше и фамозниот гол на Серхио Агуеро во последната секунда кога Сити стана шампион на Англија.

Но тоа не е сè. Синот на Гудмундур, 19-годишниот Алберт во моментов игра за младите категории на ПСВ Ајндховен. Тој има совршени спортски гени затоа што мајка му играла женски фудбал, а дедо му на Гудмундур од мајчина страна бил познат напаѓач. Необично, прадедо му на Алберт бил првиот професионален фудбалер во историјата на Исланд и играл за Милан и Арсенал а едно време работел и како министер за финансии.