
Вчера вечер во Рејкјавик, Исланд одигра 0-0 против Казахстан што беше доволно и теоретски да се пласира на Европското првенство во Франција следната година. Следуваше славје, во склад со менталитетот на плоштадот Инголфсторг.
Исланд има околу 329.000 жители и само 21.058 регистрирани фудбалери, а средбите во квалификациите ги следеа околу 10.000 гледачи на стадиониот Лаугардалсволур. По крајот од мечот, играчите се гушнаа и во круг играа на дождот.
„Некој рече дека ова е бајка, а јас мислам дека е така на еден начин но не и на друг, затоа што ова е резултат на макотрпна работа на група луѓе кои неверојатно работеа во овој циклус. Имаме и неколку навистина добри фудбалери“, изјави селекторот Лагербек кој повеќе од една деценија беше селектор на Шведска претходно.
Ејдур Гудјонсен се уште е тука околу, но досега запиша само два настапи во овој циклус на квалификации. Најголема предност на Исланд е заедништвото во екипата која заслужено патува во Франција.
„Мислам дека ова е едно од најголемите остварувања во поновата светска фудбалска историја“, изјави бекот на Краснодар, Рагнар Сигурдсон.
Во квалификациите за СП во Бразил, Исланд заврши втор зад Швајцарија и пласманот на Мундијалот им избега во баражот каде загубија од Хрватска. Селекторот Лагербек е во право кога вели дека многу луѓе работеле напорно за овој успех. Големо признание оди кон фудбалската федерација на Исланд која направила многу нови терени и тоа во земја во која фудбал се игра само четири или пет месеци во годината.
Заслуга имаат и навивачите кои околу 3.000 гостуваа во Холандија минатиот петок, кога Исланд ја славеше круцијалната победа од 0-1. Тоа е само 1% од населението. Исланд е најмалата нација која се квалификувала на завршницата на едно ЕП. Нордиската земја оствари шест победи на седум меча досега и заслужено е лидер во групата А.
Колку е голем успехот на Исланд, зборува и податокот дека во оваа земја има 21.508 регистрирани фудбалери. Холандија има 1.138,860 регистрирани фудбалери а Германија дури 6.308,946.
И покрај тоа, селекторот Лагербак кој со успех ја водеше и Шведска не сака од себе да прави слика на чудотворец.
„Не би кажал дека сум херој иако веќе ме кандидираат за претседател. Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела, и луѓе како нив се вистински херои, не јас", констатираше скромниот Лагербек.